МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ ШОУ

МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ ШОУ

Полека се приближува почетокот на новата ТВ сезона. Миленко Неделковски Шоу планирано е да започне на 5-ти септември, петок. И ќе трае до последниот петок во јуни. 42-43 емисии ќе има сезоната.
10-те стандардни гости се договорени, и нивните имиња ќе ги објавам за неколку дена.
Над 15 странски гости ми се договорени. Доаѓаат од многу земји и од три континенти. Купени се авио билетите, обезбедени трансфери и сместување. Нивните имиња нема да ги објавувам оти се соочуваме јас и моите гости со страотни опструкции и диверзии од американските амбасади во државите, УСАИД, Соросовите структури, Радио Слободна Европа (пред се од Ќука), структури на ЕУ, домашни предавници, амбасадите на Холандија и Германија во Македонија и други.
Напорно работев цело лето, се надевам дека сезоната ќе биде гледлива, дебатлива, провокативна, цитирана, критикувана и пофалувана.

Миленко
07.08.14