ДЕМАГОГИЈА

ДЕМАГОГИЈА

Сите слогани во борбата против Ковидот-19 можат да се сведат на следните три директиви: „Биди одговорен! Вакцинирај се! Заштити ги другите!“ И покрај сите напори, не можам да разберам зошто морам да се вакцинирам јас, наместо другите. И зошто другите не се вакцинираат за да се заштитат себе си? Според тоа, многу е едноставно. Меѓутоа, зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано и во конфронтација со другите? Тогаш, кога човек е во конфронтација со другите, помалку размислува и во секого гледа загрозување за својот опстанок.

 

Љуномир Цуцуловски

Скопје, 08.08.21