27-ми АПРИЛ

27-ми АПРИЛ

СОРОСОВИТЕ ГНОЕВИ
Целта е јасна, нели? Очигледано е.
Политичката опција што повеќе од две децении не нуди програма, не дава отчетност и донесе затворање на фабрики и отпуштање на стотици илјади луѓе од работа, и на овие избори излезе со иста стратегија. Стратегијата “изберете не нас, затоа што ни припаѓа природното право да владееме“, повторно арогантно, насилно и крајно безобразно ни е понудено на нас гласачите во Македонија. Зоран Заев излезе без програма. Стево Пендаровски излезе без да го каже својот став за името. Дури спротивно, вели изберете ме, па ќе ви кажам што планирам со името на државата. Така имаме ситуација да од едната страна имаме програма и отчетност, а од другата понуда од едно големо ништо.
Кога и на СДСМ и на нивните поддржувачи им стана јасно дека на 27-ми ќе забележат двоен пораз, стартуваа стратегија на одвраќање на гласачите од своето право да гласаат. Добро платените соросови медиумски гноеви излегоа на површина. Секој текст, секоја “афера“, секоја “екслузива“ носи порака дека е без везе да се гласа. Дека сите, и од власта и од озоицијата, се исти. Дека сите лапаат, крадат, коримпураат, се бават со криминал… Едноставно е, пораката е да не се излегува на избори оти било кого да гласате ништо нема да се промени.
Оваа опасна акција на соросовите гноеви, доколку успее, би донела штета на државата, народот и нашата иднина. Целта на овој притаен повик е да се ослаби власта, да се ослаби државата, да биде ставени во поддредена улога во однос на уценувачите од ДУИ, да сме слаби во преговорите со странците… Едноставно, ако на соросовите гноеви и сдсмовските шефови не им е арно, тогаш според нив сите нас не треба да не има. Ни нас, ни државава, ни историјата – ништо.

ДИЈАСПОРАТА
Дијаспората на овие избори ќе покаже дали навистина си ја сака својата татковина како што тоа го прокламира на социјалните мрежи. Значи, ние во Македонија од нашите сонародници во Европа, Австралија и Северна Америка очекуваме да излезат и да гласаат. И на гарнитурата на Груевски да и дадат три пратенички места. Од дијаспората не ни е потребно “5 долари за тенк“, ум за што да правиме со името, стратегија на каде да оди Мкедонија – не. Од нашите сонародници треба конкретна акција – гласање. Спротивно, ако патриотизмот остане само забава за на тастатура, тогаш трите пратенички места ќе одат на контото на Али Ахмети. Дијаспората има уникатна шанса ова да го спречи. Со гласање.

СКОПЈЕ
Главната битка, како и секогаш на изборите, ќе биде во “кецот“. Таму каде што е најнеизвесно. Таму каде што има повеќе прилепчани отколку во Прилеп, повеќе охриѓани отколку во Охрид и повеќе битолчани него ли во Битола. А има и по некој стар дебармаалец, жител на Идадија, Буњаковец… Но во кец се и оние од Острово, Маџир маало, Мичурин, Кисела Вода… Скопје има микро клима! И политичка микро клима, секако. Скопје е Шкец, Гуец, Џаџу, Почу и Јоле, Жабарот, Ганза… Скопје е град каде дедо му на Андреј Жерновски ги пречекал бугарските фашистички војски како ослободители. Скопје е земјотрес од 63-та и поплава од 62-ра. Скопје е Апче, Рамче, Дестан… Скопје е Матиник, Алпина, Студио паб, Балет… Скопје е и радио Олук (кој се сеќава на него). Скопје е чудо од град. Во Скопје никој не знае како ќе биде гласањето.

Јас со мојот глас нема да дадам да ми ја земат државата, историјата… Да ми го земат Скопје и Буњаковец… Нема да дозволам да ми ја земат улицата Страшо Пинџир, школото Његуш и Женската гимназија…

Миленко
20.04.2014
20.00 часот