16-ти КОНГРЕС

16-ти КОНГРЕС

Што побрзо прогледаме, побрзо ќе е враќањето на местото кое му прилега на ВМРО ДПМНЕ.

Поддржувачите на оддржувањето на 16-тиот (вонреден) конгрес на партијата, вчера “триумфираа“ со податокот дека со 411 делегати присатни во Валандово, исполнети се статутарните норми за оддржување на валиден и легален конгрес на партијата.

Точно. Како што би рекла Гордана Јанкуливска, формално правно се е во ред.

Но, присуството на САМО 411 од можните 544 делегати, треба да се изанализира низ призмата на случувањата во партијата.

Овие бројки значат дека повеќе од 130 члена на конгресот не биле во салата во Валандово. Тоа, сликовите кажано за заљубениците во мерење проценти на се и сешто, е над 23% од делгатите. Една четвртина (1/4) од делегатите.

Пробување да се вметне “оправдание“ дека 40 и повеќе делегати се во притвор не проаѓа. Бидејки повеќе од сигурно е дека делегати на конгресот не се Тошта, Игор Југ, Дедо Панче, Игор Дурловски, Борис Дамовски, Владо Јовановски или Љупчо Димовски. Кој знае дали е делегат дури и Бетмен?!

Доколку се прави споредба, може да се земат бројките од предхдниот конгрес. Оној во Куманово.

Тогаш отсуствувале 30-тина делегати, што прави една маргина од околу 5%.

Во овие тешки времиња, да дозволиме да е маргината на неприсуство 10%, што би било околу 50-тина пратеници. Ама над 130, односно 1/4 од делегатте, тоа е алармантно и за дебела и серизона анализа. Не што-и-да-е анализа како онаа последната “длабока анализа“ за поразот на локални.

За анализа, а и за ум за понатаму, е и бројот на досегашни раководители од врвот на партијата како Собраниски спикер, шеф на пратеничка група, министри, вицепремиери…, кои ги нема викендов во Валандово.

Од овие “прешкртаниве“, освен Илија, Антонио и Змејко (кој не е на сликава), ниту еден не е ВМРО-вец. Кога се мисли на ВМРО-вец, не се мисли на партиска книшка завчера земена, ами на нормален Македонски патриот. Не мора да е член на партијата, ама е посветен домољуб, патриот и наследник на идеите на оние комити, војводи и партизани што животите ги положија за оваа држава. Животите ги положија, или денешниве во притвор слободата си ја жртвуваа, за овие прешкртаниве угодно  да го завалат газето со години во кожена фотеља. И евентуално да пишат “отворено писмо“, сада “када више заједно нисмо“.

Конгресов и неприсуството мора да донесе акал кај оние што ќе го преземат раководењето на партијата. Засега, искрено, сем опортунистичко и дупеувлекувачко однесување, друго на хоризонтот не се гледа.

Мора постојано со слики, цитати, видеа (па дури и оние од бомбите) да се потсетува раководството на партијата на две работи:

  1. Грешките што во голем број беа направени. На пример поданичко однесување, постојано попуштање, неисполнување на ветеното…    https://youtu.be/vQVlMIkmnKU?t=2m27s
  2. Никој не е вечен, колку и да моменталната слика личи монолитна.

 

Она што исто така не штима во Валандово е сознанието дека меѓу присутните нема идеолог. Со исклучок можеби на Ачковска, таму нема интелектуалец со капацитет за идеолошко профилирање и водство на партијата. Како во партизанско време што имало Политички комесари.

Откако беше отстранет Мартин Протоѓер, таков лик нема во раководството на партијата. А идеологијата е водилката на секоја политичка гарнитура, без разлика дали е комунистичка, фашистичка, либерална или анархистичка.

Технократ може да е решение за администрирање на партијата. Ама идеолог е потребен за водење.

 

23.12.2017

Дудинка

Скопје