Цветин Чилиманов

Цветин Чилиманов

Ок дечки, што се однесува до мене, како и да заврши ова денес во Собрание (а нема да заврши, барем не во догледно време) некои основни цели се постигнати.
Референдумот е неуспешен. Бејли, Стивенсон и Заев не доведоа до ситуација да декларираме поддршка за членство во НАТО од бедни мо 36 проценти (и тоа со влечење за уши и полнење кутии), што е стратегиски пораз за нив. Спорот нема да се затвори на ниво на Совет за безбедност, што значи дека нема да затвори никако.
Најважно од се, Македончето покажа дека е Македонец, соочено со закани со војна, апсења, бркање од работа, монтирани процеси… Така се брани, така се станува достоен за името кое го носиме.
Она што мене ми е особено важно е што престана онаа (тука почнувам да превртувам со очи и тоа трае до крајот на овој пасус) неподнослива, пренапорна, упм досадна, одвратна и гадна приказна дека, као, божем, СДС и шарените биле носители на некакви европски и демократски вредности. Што имаме денес? Еврокомесар ни вика, правете што правите, дојдете до две третини со балкански методи. Американски дипстејт функционерчиња ни викаат дека не важи резултатот од референдум додека паралелно држат говори за важноста на националниот суверенитет. Масовно се апсат политички неистомисленици. Се гони син на пратеничка за мајката да се натера да гласа за договорот. Се молат гласови од луѓе за кои до вчера шарените викаа дека се сотони, криминалци, идеолози на режимот… Амнестија нудат повеќе пати амнестирани криминалци кои до вчера палеа канцеларии во центар затоа што не смеело да има амнестија. Ќе именувале кафани по режимски судијки кои сега се од нивна. Се печатат списоците на новинари, експерти и политичари кои земале црни вреќи со грчки пари. Се затвораат медиуми и (селективно) се гонат луѓе за изречен збор. Сечат дрва на пола Водно, ораат свети ливади во Дебармаалодром и отвараат цијанидни рудници во струмичко тие што до вчера крекаа како хор жаби за многу помали работи (морам да престанам бидејќи очите ќе ми останат трајно заглавени навнатре).
Најфантастичниот сеир до целава приказна е што ние дефинитивно не влегуваме во ЕУ. Во најлош случај, ЕУ влегува во нас. И онака до сега се зборуваше дека предградијата на Виена се Балканот. Сега, со изјавата на Хан, со методите кои ги одобри за да се дојде до двотретинско мнозинство, со обидите да се згази волјата на граѓаните, не Виена, цела Европа ќе ја направиме предградие на Балканот. Нивото на криминал и корупција, на политички злоупотреби и насилство генерирани од „решавањето на спорот за името“, и вмешувањето на највисоките европски лидери во процесот и на најзатуцаните поддржувачи на шарените приказни им ги отвара очите за вистинскиот карактер на западните институции. Нема веќе евро-атлански интеграции на Балканот, има балкански интеграции на Европата. И во најлош случај, да не натераат да влеземе со неколку уценети и потплатени гласови, ние и нашите комшии има таков ќенеф да им направиме сред Брисел (кој патем, веќе е поприлично уќенефен) што кога ќе фати поволен ветер има да смрди преку Атлантикот.