ХОРЕКАШИ и остали мафијаши

ХОРЕКАШИ и остали мафијаши

Кога протестиравме против уставните промени, кога излегувавме за заштита на името, кога пред Собрание јадевме солзавец гумени куршуми и пендрак, ги НЕМАШЕ музикантите, барабанџиите, трубачите, певачите!!!
Тие тогаш си имаа “свирка” и од преплните кафичи од каде лапаа хонорар и бакшиши ѕиркаа кон улиците и им се подсмеваа на оние што протестираат.
Кога подоцна мечката заигра и во нивниот двор почнаа со ред-солзи-ред-мрсули да кукаат и да се прашуваат зошто на нивните протести не доаѓа народот и зошто тој народ не ги подржува и не ги сожалува. Оти нели, фамилии за издржавање имале.
Не разбраа дека ГОЛЕМАТА борба не е само за нивниот џеб и фамилија, туку за се што е МАКЕДОНСКО.
Еве сега. Најавениот протест во недела не е антиваксерки, туку е АНТИФАШИСТИЧКИ. Големата борба против ФАШИЗМОТ во Македонија и во светот се води сега. Тоа е битка за секој од нас, за секоја фамилија и поединец.
Но, како и со барабанџиите што беше, така и сега луѓето чии бизниси се директно засегнати од фашистичката сегрегација, значи КАФАНЏИИТЕ, ги нема да бекнат! Дане Интермецо, Томче СОФКА, Ганза, Пеѓа Интермецо, Зоки Свила, Никола Дион, Гроздан, Чамо, Столе Париз, Маџо, Ленин Ван Гог, Ќириќ, Јохан, Шале и стотици други дремат и од своите локали ѕиркаат велејки “види будали протестираат”!!!
Часовникот на човештвото одамна го има минато 12 часот. Одамна е истекнато времето. Кубурот одамна требаше да биде изваден.
Но, еве гледаме, никој од угостителите, ниту пак овие смешни Хорекаши на чело со Јохан и Илија Аргировски-Шале од ХОРЕКА (хотели, ресторани, кафилиња) не се солидаризираат со својот народ, односно со своите муштерии! На тој начин, со пасивно однесување стануваат активен подржувач на фашизмот во светот и во Македоинија. Активни подржувачи на фашистичката, криминална и нарко власт на чело со Зоран Заев.
Муштериите некако и ќе се снајдат. Ќе пијат кафе, алкохол или ќе ручаат дома или на клупа во парк. Прашање е што угостителите ќе прават без муштерии?
Немој после на некој ваши ред-солзи-ред-мрсули протести да се чудите што никој не ви се придружува, туку напротив ви мерачи од некоја сенка.

Миленко Неделковски

Петок, 13-ти.