СЕФЕРЕ ДИЛБЕРЕ

СЕФЕРЕ ДИЛБЕРЕ

Сефер Цаноски јавно во преписка на фејсбук во мај ми се закануваше дека ќе ме тужел оти не сум кажал вистина во врса со неисплатените плати на ФОН. Како што убаво може да се види, платите Сефер уште не ги дал.
И сеа Сефере дилбере, шо праиме?
Ти, знаеш дека:
1. Образовна институција не смее да ги троши парите за други намени, како што сте правеле вие во фамилијата.
2. Образовна институција не смее да има повеќе од една сметка. Но вие покрај блокираната во Тутунска си работите преку Халк. Делумните плати на почетокот на летото легнаа од сметките на Халк. А, професорите биле уценувани да им наметнуваат на студентите своите уплати да ги прават во Халк.
3. Образовни институции не смеат да бидат жиранти за други бизниси, но вие завчера сте тврделе дека сте блокирани токму бидејки сте биле некаде жиранти.
4. Образовни институции немаат законска можност да примат неидентификувани пари од странство.

Сефере Дилбере, ми кажуваше во фејсбик преписката дека ке сум видел што се позитивно ке се случило на ФОН во септември. Еве чекам да видам. Ти знаеш дека имаш повеќе кривични пријави од поединци професори, но и групи професори заради незаконско пласирање на парите од школарините, уписите, испитите, колоквиумите…