РИКЕР СТРАТЕГИЈА

РИКЕР СТРАТЕГИЈА

Политиката на САД кон Македонија соочена со 1) ВМРО (Груевски) што не можат да го смислат, поднесат и гледааат, ама мора да го трпат заради безрезерваната поддршка во народот, и 2) СДСМ (сосе сите НВО-а) кој го милуваат но знаат дека никогаш повеќе нема да дојде на власт во Македонија – повеќе од 2-3 години дисциплинирано и упорно ја спороведува “Рикер стратегијата“.
Стратегијата за уништување на Македонија и нејзиниот народ, име , идентитет е направена од поранешниот САД амбасадор овдека Филип Рикер.
Јас тој човек го сметам за гробар на Македонија, но морам да признам дека стратегијата (“Рикер Стратегија“ за Македонија) му е извонредна. Односно е едиствен можен пат ВМРО да ја загуби власта.
Е сега, што весници, телевизии, портали, колумнисти, аналитичари, коментатори досега не зуцнале за тоа значи дека 1) Или немаат појма од својата професија, или 2) Кријат и заташкуваат дека постои такво нешто.
Јас ја знам детално, но ќе си ја чувам како тема за моите емисии во новата сезона 2014/15.