Луј Витон во Владата на Заев

Луј Витон во Владата на Заев

Снимката што денеска се појави во Италија, има една клучна алатка во докажувањето на тоа КОЈ стои зад рекетот што го прават Боки 13 и Кичеец.

Имено, се работи за брендираната чанта Луј Витон во која се ставени милион-и-пол евра во банкноти под 100 евра. Толку е тешка што дури и набилдан момак ко Кичеец едвај ја тегне!

Проблемот што го имаат рекетарите  и нивниот Капо е што во таа торба имало поставено “тракер”. Односно GPS уред што лоцира точно каде е чантата во одреден момент.

Документирано е од страна на службата што ја прави целата акција за разоткривање на криминално-рекетарската шема, дека откако Боки и Кичеец пешки доаѓаат до своето ауто и заминуваат со него, СЛЕДНОТО застанување на возилото е во гаражите на Владата на Република Македонија.

И таму, Луј Витон се задржува подолго време.

 

МН

За Дудинка

08.08.19