Крум Велков

Крум Велков

ПРОПАСТА НА ПЛАНДЕМИЈАТА
(…и на стравот)

Вчера, светот ги доживеа најголемите синхронизирани протести против лажната пандемија, (можеби и воопшто), во околу петнаесетина земји. Епицентарот беше во Берлин, кадешто дотекоа слободни луѓе од цела Европа и пошироко, а проценките се движат до милионски бројки луѓе на улиците. Од првичните извештаи на германската полиција дека “Берлин е преполн“, до интервенциите (спречен е обид за „штурм“ врз Рајхстагот, веројатно провокација) и обидите протестот да биде забранет, во германскиот град се случи досега невидена масовна процесија на слободољубивост и мирен отпор, кој во многушто (ќе) значи конечна пресвртница во натамошната планетарна борба против тоталитаризмот со медицински претекст, зад кој стојат злокобните глобални паразитски елити. Сѐ до нивниот конечен и неминовен пораз.

Зошто Берлин? Заради многушто. Прво, тој има историска симболичка моќ по разни основи, за што сведочи и главниот говорник Роберт Ф. Кенеди, син на братот на убиениот американски претседател Џон Кенеди, кој остана запаметен и со својата изјава Ich bin ein Berliner дадена во 1962 во тогаш Западен Берлин, солидаризирајќи се со поделениот град, но и со неговата севкупна борба против тајните елити. Американците го испратија неговиот внук, не само затоа што е докажан виспрен антипландемичен и антиваксерски активист, туку и како особен геополитички гест. Германија е срцето на Европа, хертленд во геополитичка смисла, без чии континенталистички енергии не е можно никакво влијание наоколу.

Ако досега атлантистичкото глобално длабоко мочуриште ја држеше земјата практично во политичко ропство (поцврсто од која било друга), актуелната американска политика најпрво во текот на кризата повлече 30.000 американски војници од нејзината територија, а сега, врз крилјата на граѓанскиот отпор го потпира целосното ослободување на Германија. Особено значајно е дека протестот во Берлин беше и детантен, па Германците меѓу другото излегоа и со (неслучајни) пароли од типит „Путин и Трамп – ослободете ја Германија/направете ја повторно голема“, во придружба на американски и руски знамиња на едно место. Со што симболично се оцртува идната позиција на Германија, а со тоа и на Европа во скорешната конечна разврска со паразитите, во колаборативна, конвергентна геополитичка акција на антипландемичните сили од Исток и Запад, како основа на новата планетарна архитектура.

Агонијата на крволоците ширум планетата е видлива секојдневно, се разбира за оние што не носат маски преку очите, а таквите се множат со геометриска прогресија. Влијанието на мејнстрим медиумите практично е минимализирано, со реално целосно освојување на дискурсот на социјалните мрежи од страна на влијателни групи и поединци, кои играат клучна улога во ослободувањето од стравот, наметнат со беспризорната информативно-психолошка војна. И веќе воопшто не е важно дали тие пропагандни медиумски преститутки објективно јавуваат за масовните протести или не, во обид да ја скријат или дисторзираат реалноста: ова е време на изумирање на диносаурите, на злото на контролираните мејнстрим медиуми. Нека им е тешка земјата.

Во меѓувреме, продолжува континуираното разобличување на педофилско-сатанистичките мрежи поврзани со „контролорите“, досега невиден број на упсени треговци со луѓе/деца и сексплоатација, почнувајќи некаде од февруари 2017. Нови и нови траги водат кон ист извор: инструментите на НВО со хуманоиден лик, главно радикално леви и екстремно десни дирижирани лудаци, соросоиди, глобалисти, клинтонисти, либерасти и други контролирани касти. Во тек е безпреседанско разобличување на злокобниот подземен систем на владеење, во кој годишно во светот исчезнуваат над 8 милиони деца (само во Америка 800.000). Годишно, раазбирате? Па, каде одат тие деца на нашата заедничка судбина? Деновиве во САД беше ослободена група од триесетина исчезнати деца жртви на сексуални злосторства. И тоа не беше вест за „медиумите“. Во таа смисла, она што битно ќе ја одликува тековната глобална револуција ќе биде и разобличувањето на информативните злосторства против човештвото. Неброени се.

Клучот на конечната разврска е во скорешните претседателски избори во Америка. Тие во суштина ќе ја одредат идината на светот, толкав е нивниот влог. Во целиот контролиран хаос што се случува таму токму заради тој голем влог, веќе и со престрелки по улиците, очекувам овојпат фамозното „октомвриски изненадување“ (ненадејни настани пред секои претседателски избори, кои имаат големо влијание врз изборните резултати)да биде спектакуларно, со цел да ја осигура победата на Трамп: на пример, тотално разобличување на темниот клан Клинтонови и нивно апсење, сосе Обама и/или лудакот Бил Гејтс. Или Сорош. На пример, велам. По што, патот за целосно чистење на планетата од злото кое посака целосно да нѐ затвори, ќе биде ширум трасиран. И ќе стигне насекаде, вклучително и на Балканите. Всушност, регионот има голема и значајна улога во претстојната разврска, меѓу другото и заради енормната количина социоинжинерски експерименти и ужаси кои демоните на новиот светски поредок долго време ги применуваат врз нас. Секако и заради геополитичката рамнотежа, што би значело уште еден голем синхрон зафат, во кој како глувци ќе бидат изловени локалните зловешти мочуришни инсекти.

Вчера, од Бранденбург, од Потсдамерплац и Александерплац, по големите берлински улици, па до централен Лондон (со инспиративен говор на Дејвид Ајк), низ Франција, Белгија, Швајцарија, Данска, Португалија, Канада, Австралија и другите земји во кои имаше антикорона протести, трасиран е патот на конечното ослободувањето од стравот, силен глобален изблик на непокор и неприфаќање на лажното зло (кое имаше за цел да го скрие вистинското) од страна на човештвото, на човечката раса, еден од последните јавни удари врз баучот на „пандемијата“, како глобална подготовка за она што треба да уследи. Човештвото ќе победи, бидејќи поинаку нема смисла. Подгответе се.