И Зоран и Панче Заеви се исти – АПАШИ

И Зоран и Панче Заеви се исти - АПАШИ

Децата, поколението, наследниците со големо задоволство и гордост поентираат дека си имале успешни родители. Татковците на Христијан Мицкоски, Сашо Климовски, Ива Василевска биле успешни и почитуваи професори и доктори на науки. Баш како и нивните деца. Други деца се гордеат дека нивните родители биле успешни во други професии: На Миленко татко му е најдобриот фудблски судија од Македонија, прв меѓународен со ФИФА знак судија од Македонија и еден од трите први во Југославија заедно со Лео Лемешиќ од Сплит и Васа Стефановиќ од Белград. Пандов се гордее со својот родител, оти Стојан татко му е најдобриот очен лекар во Македонија… Мирка Велиновска е горда на двата свои родители храбри првоборци и докажани антифашисти кои се бореле и крвавеле во битките против грчките фашисти и качачките банди,

Од друга страна, има луѓе кои со гордост констатираат дека успеале во животот да достигнат врвови во професијата, иако родителот не бил некој забележителен. Така, Бобан Нонковиќ станал врвен новинар, Тони Науновски доктор на науки…

Е, ама, има и ликови кои имале татковци апаши, крадци, шверцери – па, од родителот само тие “квалитети“ ги наследиле.

Татко му на Зоран Заев врвот на својот живот го постигнал крадејки струја од бандера на ЕСМ! Крадел струја како најдолен циганин, шупак муртински.

Тоа однесување на Панче Заев, однесување да не се почитува народната имовина, закон, држава, вредности…, да не се почитуваат соселаните и сонародниците кои редовно си ги плаќаат сметките – тоа однесување го наследил од татка си и Зоран Заев.

Од апаш, див крадач на струја, што поколение може човек да очекува?

Панче наместо да издрка, изнедрил апаш, непочитувач на вредности, непочитувач на сонародници, човек без осет за држава, припадност, лојалност…

Зоран Заев е избран како “Калемена слива“ (Мирка тоа многу пати кај мене во емисија го објасни), како најглуп, најкорумпиран и најлесен за манипулација (кај мене во емисија Марко Танасковиќ објасни како “странците“ на Балканот ги бираат баш ваквите), за да може да послужи на целта – разнебитување на Македонија.

Секој друг, со успешен родител зад себе, или со чесен родител (работник, службеник) зад себе кој се мачел цел живот за да ги изгледа и исшколува децата (мајка му на Бобан и Марио, родителите на Тони) не би си дозволил заради никаква награда или уцена да го прави ова што го прави Заев.

Само апаш може да ги има “квалитетите“ што западните деМонкратии ги бараат како квалитет за лидери на земјите од Балканот.

Што е разликата помеѓу крадење струја од бандера, и крадење од државата ако си премиер? Никаква. Односно, разлика е само во нивото. Панче имал допир само до бандерата, а Зоран допира до државната каса. Се‘ останато е исто. АПАШЛУК.

Мене, лично, ме прогонува едно големо прашање! Дека ќе има видно променет парламентарен состав е повеќе од јасно. Дека мнозинството внатре ќе го има ВМРО ДПМНЕ, исто таа. Можноста дека “Единствена Македонија“ ќе земе некое место меѓу 120-те е реална. Но, прашањето ми е, ДАЛИ идната влада ќе ги процесиуира сите (Заев, Тевдовски, Нина Групер, Анѓушев, Шекеринска, Дескоска, Царовска, Ременски, Кирацовски и сите други) за сторените кражби и криминали. За продавањето на Македонските национални интереси и ѕверското задолжување на држава со милијарди евра?

Дали новата влада на Република Македонија, предводена од Христијан Мицкоски ќе ги гони, суди и пресуди овие гадови? Тоа е прашањето:

Зошто го поставувам баш ова прашање?

Едноставно затоа што многу пати сме излажани. Пред победата на Љупчо Георгиевски 1998-ма  и пред онаа на Никола Груевски 2002-ра имаше огромни ветувања дека сите криминални олигарси, фармацеутски мешетари, неплаќачи на данок ќе бидат казнети и имотот ќе им биде одземен. Свежо е уште сеќавањето како тогаш по огради на куќите на лигарсите Водно се бесеше Влатко Ѓорчев. Тогаш со репче, и без пипната цицка во животот, ама со ВМРО ДПМНЕ ветување дека само ако се доберат до власт ќе ги решат апашите. Ама, ништо не се случи. Мијалков стана ортак со Хари Костов и Вице Заев, Љупчо Георгиевски стана средно богат бизнисмен со капитал од над 200 милиони евра, Далаверски крадеше од царина (кој ли му беше заменик во царина тогаш?) па избега во Белград, “Д-р Пановски“ мува не го лази – односно олигарсите останаа, скапите лекови исто така, подземјето продолжи да работи (му слугуваше на Милаков, а сега на Заеви), судиите и обвинтелите не беа сменети, Верушевски не беше набркан, полциските структури останаа негибнати…  И, затоа се случија огромните грабежи, затоа се случи местенката со “4-ти Илинден“ која резултираше со “27-ми април“, затоа се лучија тирански платфрми, бугарски преговори и преспански договори.

Се случи затоа, што државата ја водеа и водат апаши. Крадачи на струја од бандера. Луѓе од, или блиску до, подземјето.

На чело на државата не се интелектуалци, професори, капацитети…

Бранко Црвенковски беше и остана селски џилокош од Дебарца. Киро Глигоров беше партиски послушник кај Јосип Броз. Борис Трајковски беше службеник во молерска задруга. Љупчо Георгиевски беше чувар на женските WC-a и тушови во “Стив Наумов“ додека се тушираше Снешка, Никола Груевски беше голобрадо момче задоено од Жан Митрев и Александар Донски со антика, Стево Пендаровски беше полициски службеник и кадар, а Зоран Заев е апаш. Единствено интелектуално портфоило имаше Ѓорѓе Иванов.

Со апаши држава не се прави.

 

Миленко Неделковски

Скопје

04.12.19   07.44 ч.