ДВОЈАЗИЧНОСТА ЗНАЧИ КРАЈ НА МАКЕДОНСКИОТ КАРАКТЕР НА ДРЖАВАТА

ДВОЈАЗИЧНОСТА ЗНАЧИ КРАЈ НА МАКЕДОНСКИОТ КАРАКТЕР НА ДРЖАВАТА

Анализа на Ристо НИКОВСКИ.

Суштината е јасна: со двојазичноста, Албанците во Македонија не бараат никакви додатни човекови или граѓански права туку трета албанска држава. Тоа е федерализација на Македонија на мала врата, проект на кој тие упорно работаат, со отворена и сесрдна американска поддршка и директна помош. Ни повеќе, ни помалку, таквиот статус ќе им го отвори и патот за отцепување со политички средства. Токму за таа цел, сакаат целосно редефинирање на Македонија, за што нема никаква основа ниту во домашното, ниту во меѓународното право. Основната намера е анулирање на унитарниот карактер на Македонија кој беше гарантиран со Охридскиот рамковен договор (ОРД). Тој е творба на САД ама сега тие молчат дека ОРД нема врска со двојазичноста и работаат спротивно од тоа што го ветиле и потпишале во Охрид. Тоа не е ништо ново. Истото ни го направија и со Привремената спогодба со Грција. Преку неа, тие крајно ја девалвираа нашата позиција во спорот со името а единствената наша корист – Атина да не не попречува во интеграциите – сега не важи! Невидена бесрамност и макијавелизам кои ние ги толерираме. САД така се однесуваат кон Македонија цели 25години ама ние упорно ги сметаме за “стратегиски партнери“. Поголема глупост, здравје.

Невидена измама е дека двојазичноста е дел од ОРД, на што се повикуваат сега сите кои манипулираат со државава. Каде се да реагираат Фрчкоски и другите наши “умници“ кои се правеа важни дека го структурирале ОРД а тој им беше грубо подметнат, како кукавички јајца, од агентите на ЦИА, Фровик, Пердју и слични типови, и има катастрофални последици за земјата? Фрчкоски јавно не уверуваше (или тешеше?) дека Албанците, како претседатели на комисиите во Собранието, седниците ќе ги водат на македонски јазик. Значи, според ОРД, и новиот Устав, користењето на албанскиот јазик не можеше да стигне до таму. Тоа беше сосема во ред бидејќи официјален јазик во државата е македонскиот. Претседателите на комисиите настапуваат во име на државата и мораат да го користат македонскиот јазик.

Нема никаков проблем Албанците во лично име да се обраќаат на својот мајчин јазик. Но, не во име на државата. Полека, полека, тоа клучно правило се избриша. На агресивен начин, Теута Арифи и други екстремни националисти како неа, ја променија таа суштинска пракса и ја девалвираа позицијата на македонскиот јазик, преку флагрантно кршење на Уставот. Тие ја постигнаа целта додека пратениците Македонци – спиеја. Сите тие, почнувајќи од претседателите на Собранието, заедно со партиските шефови што го дозволија тоа, треба кривично да одговараат за соучесништво во непочитување на Уставот и уништување на македонштината. Тирана и Вашингтон сега ни ја испорачаа сметката: и спикерот, и министрите… сите ќе зборуваат на албански. Ако Владата е двојазична, таква е и државата. Тука нема и не може да има дилеми. Воведувањето на двојазичност во Македонија неизбежно (ќе) значи крај и на нејзиниот македонски карактер. Македонизмот ќе замине во историјата. Токму затоа е и замислена. Македонија станува двојазична преку Владата и институциите на системот а не преку Берово и Штип. Барањето во “Тиранската платформа“ за двојазичност на целата територија на државата беше обичен политички блеф. Со тоа само ја замајуваа јавноста, и го вртеа вниманието во погрешна насока. На Албанците не им треба јазикот во Радовиш и Струмица, каде нема Албанци туку во врвните институции на државата.

Нивната цел е да го користат министрите во Владата, претседателот на Собранието во законодавниот дом и во сите слични прилики. Кога тоа ќе го постигнат, а новиот закон како изгледа тоа го дозволува, тогаш целата држава станува двојазична. А бидејќи во светот нема и не може да има унитарна држава која е двојазична, и Македонија не може да биде исклучок. Двојазичноста недвосмислено значи дека унитарниот карактер неповратно се трансформира во федеративен на два рамноправни народи а тоа значи и две држави што е, впрочем, и нејзина вистинска цел. Со неа, малцинството добива трета албанска држава, што е спротивно на сите меѓународни регулативи. Кога американскиот булдожер ги турка своите интереси, правните норми никаде не важат. Хашката пресуда целосно ја игнорираат. Нелегално ги бомбардираа Белград, Сирија, Ирак, Либија…

Со законот се отвора технички процес на формално правно етаблирање на федералниот статус, што ќе следи за кусо време. Неговото имплементирање неизбежно ќе води во промена и на името на државата, кое ќе мора да ја отсликува новата реалност (Албанско-словенска федерација, на пример), а ќе значи и замена на сите симболи, од знамето преку грбот и химната… преку дводомно Собрание… ќе мораат да бидат ревидирани и сите домашни политики, почнувајќи од структурата на Буџетот… Ова е само почетокот на финалното рушење на македонската држава. Деталите ќе следат. Апетитите на Албанците нормално растат. Разликата меѓу унитарна држава и федерација е огромна.

Договорот за пријателство со Бугарија претставува тежок пораз на македонските национални аспирации за кои се положени стотици илјади живот. Но, тој може и да се откаже и да не важи по година дена. Дали ќе се најде јунак за таков потег е друго прашање. Може и да се игнорира, како што беше случај со декларацијата од 1999 година, со слична содржина, иако бугарите, поддржани од Вашингтон и Брисел, со него постојано ќе ни мафтаат. Законот за албанскиот јазик, меѓутоа, иако за измама на јавноста се нарекува “закон за јазиците“, е нешто многу пострашно од договорот со Бугарија. Тој ја уништува единствената македонска држава. Нелегитимните права на Албанците ќе имаат траен карактер а тоа значи дека федералниот карактер на земјата ќе бидеи реверзибилен исто како и третата албанска држава. Со целосна одговорност може да се тврди дека со двојазичноста Македонија ќе стане тотално нефункционална држава. Таа беше латентно таква и благодарејќи на ОРД ама сега тоа ќе се максимализира. Како таква, по многу што ќе станеме втора Босна. Малцинството ни диктира како да се организира државата, што е нешто невидено и не чуено во светот. Кога веќе министрите ќе заборуваат албански во Владата, никој нема да може другите Албанците да ги натера да зборуваат на македонски било каде, ниту да го учат јазикот. Никој од нив нема да има никаква обврска. Во било кое министерство, Албанецот ќе си зборува и пишува на албански и ако шефот сака да го разбере тоа, ќе мора да знае албански или ќе бара преведувач. Ако не, нема дабиде квалификуван за функцијата. Што значи тоа во пракса, секој
може да замисли.

Двата јазици ќе бидат еднакви и правата и обврските на сите ќе бидат – исти. Во најдобар случај, колку ќе го учат тие, толку ќе мораме и ние. Ако сакаме да се разбереме. Нив ќе им одговара и да не се разбираме, за да имаат отворен пат за отцепување, во зависност од состојбите во регионот. Државата нема да може нормално да функционира и, нека нема дилеми, тоа е и целта на законот за албанскиот јазик. Да се види дека не можеме заедно.

Албанците имаат опција а ние сме нивна и особено американска колатерална жртва. Ако се одвојат деловите каде Албанците се мнозинство, остатокот на државата не може да функционира како една целина. Ова е финалната фаза на процесот започнат со ОРД во 2001-та. Тоа што се правиме на удрени за сите манипулации кои САД ни ги прават со државава, е наш проблем .По повод Илинден, Иванов не потсети дека поранешните претседатели на Бугарија и Грција јавно ни порачале дека членство во евроатлантските системи за нас е можно само без македонштината. Ни кажаа дека не треба да се надеваме дека ќе с епојавиме таму како Македонци. Веројатно намерно ни ја откриле политиката која ја водат Вашингтон и Брисел кон Македонија. Дека е тоа целосно точно најдиректно и најконкретно ни потврдува и паралелната акција на Албанците и САД за двојазичноста на Македонија. По автоматизам, и таа ја брише македонштината како основна карактеристика на земјава. Со новиот закон, кога албанскиот јазик ќе се изедначи со македонскиот, државата се ребрендира во нешто ново. А тоа е на чекор од нејзино прекрстување, разнебитување на народот и формално отпишување на македонскиот јазик, што неизбежно (ќе) следи.

Ви се вклопува ли срамниот договор со Бугарија во истиов мозаик? Лагите, пак, дека македонскиот јазик останува за меѓународна комуникација, бидејќие така според Уставот, се приказни за мали деца. Министрите Албанци одамна комуницираат со светот и на албански.

Август 2017