СКОПЈЕ Е КУРНАСКИ ГРАД

Не знсм дали се лидерите и раководствата на партиите свесни, но на 15-ти се оддржуваат локални избори.

Значи, повторувам, ЛОКАЛНИ.

Оттаму една работа е нејасна! Зошто, побогу, за гласање за локално ниво се носат партиски симпатизери од државно ниво?

Случајно вчера бев сведок за во Кавадарци а прексинојка во Синџелич. Плус, на информациите за митингот на СДС во Скопје исто така наидов на податоците за автобуси од други градови што одат на митинг во не-нивни градови.

Зошто, мајку му, имаат интерес граѓани на Куманово да бидат на митинг во Кавадарци? Ги интересира водоводно-канализационата мрежа во Глишиќ?!

А?

Лидерите и партиите се толку несигурни во својата популарност кај народот што немаат верба во излезноста (заинтересираноста) на граѓаните, жителите или селаните од одредена општина каде треба да се има митинг. Па, најсигурно им е да си наполнат автобуси.

Колку е само лицемерно да се бара глас од велешани, на пример, пред публика од битолчани!!! Или обратно.

На партиите најтешко им е во Скопје.

Скопје не е ниту вмровски ниту комуњарски град. Скопје ти е курнаски град. А скопјани курнази пар екселанс.

1/3 од жителите на Македонија е во Скопје. Сепак за секој скопски митинг успешноста се брои според автобусите од провинција дојдени!!! Иако за скопјани евентуалното излегување е работа од 5 минути пат, а за оној од Струмица два-и-пол саати мрцварење.

Локални избори, за презентација на чесни кандидати, е единствено иисправна со door to door кампања. Но, нашиве “јунаци” се плашат од своите избирачи, сограѓани и комшии! Се плашат да дојдат, чукнат на врата и да ја презентиррат својата визија, платформа или нова ера.

Се плашат дека му се прекурчени на народот. Се плашат дека ќе бидат напудени од домакинот.

Да бараш глас за пијаница ко Шилегов или за докажан неимар ко Трајановски, но пред публика довлечкана од други градови, е педерл’к без граници. Е неискрено и мизерно.

Го видовме “скопскиот” митинг на СДС без скопјани. Еве да почекаме да го видиме и на оние од опозицијата. Па да споредиме. Кој им се обраќал на скопјани за глас во Скопје, а кој на делчевчани, кавадарчани, кичевчани за глас во Карпош, Аеродром, на Амината III или за во Долно Лисиче.!!!???