Како Јолевски ја уништи Македонија?

Image result for јолевски клинтон

Како почнаа партиските војници да се расфрлаат со цифри, на човека мака да му стане.

Анѓушев не се срамел што е богат, ама не се срами и што сите закони во корист на својот бизнис ги направи во вlадата kade e vice=premier во овие два-три месеци, за да стане уште по богат.

Заев во фамилијарниот авто парк има вредност многу кратно поголема од “Мерцедесот на Грујо“, а бил со “стокец“ пред да стане градоначалник.

Па така, и “јунакот“ од текстот во Жрнал.нет, до завчера апсолутно непознатиот Илија Илијоски, кај Млин Балкан (така се вика таа локација доколку сакате да сте скопјанин) купил деловен простор за 250.000 евра!!! Четврт милин евричи!!! И плус за ентериер потрошил уште 50.000.

Неговиот ре-де-форматорски пајташ Александар Михајловски, според ФБ објавата на  Антонио Милошоски, само за една година зарботил 300.000 евра како “застапник на куп државни претпријатија“.

Бравос. Затоа, значи, сите се тепале у политика да влезат?!

Читајки го текстот ( http://zurnal.net/?p=40688 ), имам неколку дилеми. Па затоа и ги поставувам овие прашања:

  1. Кога и како ги заработил Илијоски оваие пари? Односно, за да се купи недвижнина, парите мора да се платат жирално, за нотарот да може да го завери договорот. Така е според закон. За да има трага на парите. Според стратегијата “follow the money” треба да се види кога и како се заработени. Дали се наследство, донација, од вујче од Америка, од бизнис… И, како и да се добиени, односно заработени, дали на нив е платен данок. Па така, ако ВМРО ДПМНЕ, која очебијно е заинтерсирана за овој нивен бивш лик, сака да ја докаже неговата корумпираност, низок морал, алчност, поткупливост, превртливост може лесно во Централен регистар и во УЈП да утврди од кога се тие пари. Исто тоа може да го направи и главниот лик од овој текст на Журнал.нет, па да покаже колку обвинувањата кон него држат или не. Па така, ако се парите легнати на неговата сметка во последните 3-4 месеци, значи во периодот на неговата афирмација како де-ре-форматор, тогаш стварно станува збор за особа со “ тотално руиниран углед и чест“ кој добива огромни пари од “„спонзорот“ кој за јавноста е одамна познат“. (Напомена: читателите на Дудинка не знаат кој е “спонзорот кој е одамна познат“, па во нивно име редакцијата замолува оној кој знае да објави за кого се работи). Но, ако се парите легнати во периодот пред тие неколку месеци, или пред пола година, година или година-и-пол на пример, тогаш е сосема друга прикаска која истражувачкото новинарство треба да ја објасни.
  2. Кој го регрутирал овој лик?  И не е прашањето кој го регрутирл Илијоски во де-ре-фроматорите, ами кој го регрутирал во ВМРО ДПМНЕ. Прашањето е, доколку е овој лик неморален, потплатлив, превртлив, без морал, “особа со тотално руиниран углед“ КАКО Е ПОБОГУ МОЖНО да биде избран за Претседател на општински комитет во Центар на ВМРО ДПМНЕ? Кој го предложил? Кој лобирал за него? Кој го гласал? Каков е тој партиски кастинг што вакави, а и ликови ко Ване Цветанов и слични, ги донел на високи и раководни функци? КАКО Е МОЖНО?
  3. Кој ќе преземе одговорност? За вака лошата партиска селекција, за вака лошиот избор на партиски кадри за партиски и државни раководители, за вака лошиот избор на партиски адвокатски канцеларии – ЌЕ ПРЕЗЕМЕ ЛИ НЕКОЈ ОДГОВОРНОСТ? ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевскија имаат довербата од народот заради чесност, работливост, искреност, отчетност, одговорност? За оваа партија да покаже дека и така ќе е понатаму, односно дека вакви партиски катастрофи ко Илијоски повеќе нема да го задесат ВМРО ДПМНЕ, партијата мора да бара и да најде одговорност од тие (тој) што направил погрешна селекција. Ма не погрешна – катастрофална. Токму сега партиите ги подготвуваат своите кадровски решенија за градоначалници и советници. Доколку се најде одговрниот, а тој ја преземе одговорноста, за овие лоши кадровски решенија, довербата во Партијата ќе биде повратена.

 

Пишувајки и читајки за ова, човек се запрашува уште колку вакви погрешни, абдалски кастинг решенија имало низ партиите во Македонија? Затоа ли дојдовме во ситуација да имаме гол министер со мало куре, абдал премиер, препродавач на расипано месо за министер? Оваа дибек селекција, намерно се правела?

Мирка Велиновска во повеќе наврати, разоткривајки ја агендата на Вашингтон и Сорос пиша дека тоа е стара стратегија – да бидат бирани луѓе без морал, без кичма, луѓе што можат да бидат лесно уценети и водени.

На Дудинка е цитиран и српскиот интелектуалец Марко Танасковиќ, кој ја пренесува неговата конверазција, односно одговорот на неговото прашање до странски дипломат, зошто странците бираат така глупи кадри за во нашата домашна политика. Еве го одговорот од дипломатот: “ Први разлог је очигледан, људи без квалитетат и људи који имају слаб карактер и они склони корупцији су најпослушнији и са њима је лако манипулисати. А други разлог, хммм па како да ти кажем, ми том негативном селекцијом плански убијамо самопоштовање народа и осечај патриотизма меџу будучим генерацијама. Када виде какви све испливавају на површину, млади се разочаравају, почињу да мрзе сопствену земљу, развијају комплексе инфериорности и страни утицај прихватају како нешто сасвим нормално па чак и пожељно…“.

Па во овој контекст на глупи кадровски решенија, големи промашувања и не-преземање одговорност за истите, се поставува и прашањето што се случува и каде е поранешниот министер за одбрана, еден од оние што знаеа дека ќе падне и затоа не се качија во авиончето на Трајковски, Зоран Јолевски?

Минатото лето тој направи погубна лоша проценка и дејствуваше анти државно, абдалски не проценувајки каков ќе биде исходот од председателските избори во САД. Башкам што на негово инсистирање од Македонска страна беше уплатена и сериозна донација во кампањата на Хилари Клинтон, туку тој избра да се појави на нејзината инаугурација во Претседателски кандидат поносно изјавувајки: “Хилари Клинтон – лидер кој може да направи промени во животите на обичните луѓе“!!!

Оваа негова, и на неговата влада, погрешна проценка, за која Дудинка, Миленко Неделковски, Мирка Велиновска, Дарко Јаневски и серија други луѓе веднаш реагираа и критикуваа, донесе до далекусежно лоши последици по нашата држава. Неговот дилетантско објаснување дека едниот син бил за Хилари, а другиот за Трамп “па сега видете“, само ја додокажа неговата некомпетентност, превртливост и штетност по Македонија.

Него сега го нема. Исчезна човекот. Но Македонија и Македонскиот народ ќе ги трпат последиците од неговиот предавнички и кукавички (исто како кога не се качи во авиончето за Мостар) потег.

Изасланиците на Македонија и на ВМРО ДПМНЕ кои се обидуваа да направат контакт со Доналд Трамп минатат есен и зима, се соочија со егото на екецентричен но способен човек каков што е сегашниот Претседател на САД. Трите емисари, според информациите на Дудинка од Вашингтон, биле исшутирани од сите можни инстанци за контакт со Трамп кога на Доналд му биле презентирани фактите со присуството и изјавата на Јолевски кај Хилари и со донациите во нејзината кампања.

И за овој очајно лош и штетен по Македонија и македонскиот народ и идентитет потег, никој не бара а со самото тоа никој и не презема одговорност.

Прашањата кој го стави Јолевски во владата, под чив притисок, заради кои заслуги, заради кој капацитет, заради која верност кон принципите и доктрините на ВМРО (десна политичка партија се решава за Хилари која ја претставува Левицата во САД) и слични остануваат неодговрени.

Исто како што нема да бидат одговорени и прашањата од каде му на Претседателот на Општински Центар 300.000 евра.

 

 

20.08.2017

 

23.52

Скопје