Во главните улоги:
Миле Миленкоски, Владимир Сарафов, Стево Симски, Никола Димитров, Бујар Османи и Зоран Заев.
Македонија е во центарот на нов шпионски и дипломатски мега скандал после апсењето на македонски дипломати во Србија. Полека се разоткрива целиот мозаик на скандалот, кој што ќе има сериозни последици за Македонија, и нејзиниот углед (кој што и така е на ниско ниво) во светот и во меѓународните институции.
Главни учесници се Министерството за надворешни работи и Агенцијата за национална безбедност кои спровеле нелегална разузнавачка операција во Ерменија. Може да се сними филм за македонските 007 агенти )))
Скандалот се случил во Ереван, Ерменија, 2018 година. Главни учесници се 3 припадници на АНБ со двојни идентитети во илегална разузнавачка операција на територијата на Ерменија, како и 3 дипломати кои што со приватен авион префрлаат бегалец – брат на претходниот Ерменски претседател кој што е обвинет за криминал, и кој што поседувал лажен македонски пасош, како и други над 200 криминални ликови од целиот свет.
Целата оваа сложена дипломатско шпионска операција е спроведена во соработка со странски тајни служби. Македонија свесно ја прифатила улогата да служи како Пиун во оваа игра.
– Групата го избрала 1 октомври 2018 година како ден на бегство, кога самитот на ЕЕУ беше во Ереван, а делегации од различни земји беа на аеродромот „Звартнотс“ во Ереван. Го искористиле пасошот на друг македонски државјанин за да го изнесат бегалецот од Ерменија со приватен авион.
– Октомври 2019 – RED NOTICE Interpol распишува меѓународни потерници, после барањето од Ерменија.
– Јануари 2020 – МВР го известува МНР за потерниците против македонские дипломати и други лица со барање за проверки на дипломатски пасоши D2000898. МНР не реагира и не доставува информации до МВР
– Во 2020 – МНР спроведува незаконски избор еден од осомничените во мисија ОБСЕ – Виена. Ниту Никола Димитров ниту Бујар Османи не спровел должен надзор врз начинот на избор за дипломат во мисијата во Виена
АНБ на еден од дипломатите му дава позитивна согласност за НАТО – ЕУ и национален безбедносен сертификат [НБС]
– ДБКИ на истиот дипломат му издава решение за НБС, и истиот заминува во Виена да ја претставува Македонија.
Македонија е банана држава, и се повеќе личи на банана државите од Латинска Америка …
…
Од МНР човек што ги знае работите, вика сето ова Миленковски го правел со знаење на врвот, мисли на ЗЗ, акција на странска служба.
….
Кај би се дрзнал тој Миле, го знаат сите шушумига, брат на Жанета Ќосе од Нова Македонија што работеше новинарката… Сите се прават на удрени зашто нарачка било очигледно… Таман работа инаку, Димитров на Влада се буни за работи што не ги контролира… Ова очигледно била топ сикрет акција, која им ја пробиле, и сега мора да се вадат.
…
Преписка Бемка v.s. Бемка
….
Криминслецот Симски, бил снимен на аерортомот во Ереван, каде заедно со Владо Сарафов и Миле Миленкоски го извлекуваат ерменскиот криминалец и му даваат фалсификуван Македонски пасош за да може да избега со приватен авион обезбеден од овие тројца.
…Русите ги имаат комплет откриено и документирано… Не случајно им се одмаздуваме со протерување дипломати… Се е тоа поврзано со акцијата во Ереван, така тврдат луѓе од МНР што ги знаат работите.
…Не знам само како згрешил да оди во Србија, неутрална земја. Морало да знае дека е сигурен само во земји членки на НАТО. Вучиќ го боли курот, одма го апси… И ќе го пазари со Запад за некоја отстапка. Ако пак им е многу важен на Русите, ќе го испорача во Ерменија… Око нема да му трепне…
…Он е крелац, ама чадорот требало да го заштити. Сега што? Дали е толку вреден да се пазарат со Вучиќ за него? Односно дали и колку знае за тоа кој стои зад акцијата, мислам на Запад. Ако знае, ќе го спасуваат, ако знае само дека нашата служба стои зад акцијата, Запад го боли кур, ќе го остави да го испорачаат па нека збори за ЗЗ и компанија.
Истражувачки тим на Дудинка
Скопје, 06.09.21