Кој ќе го сруши Зоран Заев?

Кој ќе го сруши Зоран Заев?

На Македонија и е неопходно рушење на фашистичкиот режим на Зоран Заев, неговата фамилија и неговиот ректераско-криминален политички клан.

Ништо не е поважно од тоа. Ваква ситуација каква што е сега е НЕПРИФАТЛИВА.

Заев мора да биде симнат од власт, правно процесуиран и замандален на многаја лета.

Се поставува прашањето како и од кого?! Што ние МАКЕДОНЦИТЕ имаме како опција за спас од овој лудак?

Ја имаме опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Односно го имаме во опозиција само ВМРО ДПМНЕ, оти сите партиички на Јакимовски, Стоиљковиќ, етнички помали партии се всушност крлежи закачени за огромното гласачко тело на ВМРО ДПМНЕ. Не донесуваат гласови, а донесуваат катастрофални кадровски решенија од типот на “Стефчовистите“ Панчо Минов и Чедо Саздовски.

ВМРО ДПМНЕ е животно заинтересирана за рушење на Заев, оти вака партијата оди во пропаст и згаснување заради политичко-полициско-судскиот прогон. Дамакловиот меч на можност за формално укинување на партијата и одземање на имотот, врз ознова на измислени и лажни обвинувања, виси врз главата на раководството.

Покрај опозицијата, имаме и вонпарламентарни партии што се себепретставуваат како опозиција. Да ги разгледаме нивните можности за рушење на Заев. Дали тие сакаат да го срушат Заев, и уште поважно дали тоа можат да го направат?

Тие партиички тешко човек може да ги смести во некоја нормална категорија. Те се усојузуваат, те се караат, те се набедуваат, те овој може а оној не да говори од бина, те се хипер активни, те ги снемува… Личат како да се некои кукли, па како кукларот ќе мрдне со конците, така марионетите се “разбудуваат“.

Неколку години се формираше тој “фронт“ што требаше да понуди инаква опција од онаа на ВМРО ДПМНЕ. Тодор Петров со парите од дијаспората, Солза и Палчо како бивши високи функционери во СДСМ, Јанко Бачев со својата џандарска партија… И тука имаше и разно-разни органзации со испреплетени имиња како Тврдокорни, СУМ, Бојкотирам и слично. Во случајот на тврдокрни и бојкотирам, тука ги имаше повеќе опции кои користат ист збор за името, ама се различни луѓе и структура. СУМ е предводен од Сотир Костов кој заради сопругата остварува близина со ВМРО ДПМНЕ, ама не може да избега од податокот дека како обвинител е црпнат од Кочани од страна на Бранко Црвенковски во средината на 90-тите, во онаа ноќ кога СДСМ, без опозиционата ВМРО ДПМНЕ во парламентот, назначи неколку стотини свои судии и обвинители.

Овоа шаренило, овој калакурник, не му дава на човека право да го дадае својот глас на тргни-застани коалиции, партии и поединци.

Лани во Битола се собраа Бачев, Палчо, Солза, Филип и Тодор и на сите ѕвона објавија дека е тоа “Надежта за Македонија“?!

Веднаш напишав колумна каде реков дека ако е тоа надежта, нема надеж! И, така и се покажа. Оваа “надеж“ се испокара меѓу себе, па се поделија на помали “надежи“! Солза и Палчо на една страна, Бачев и Филип на втората. А Тодор Петров со парите од дијаспората на третата.

КОЛУМНА НА МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ: Има ли надеж?

Оваа “Надеж“ во меѓувреме мутираше во своите тврдења. Така на пример “надежта“ на Бачев и Филип се залагаше, како и сите останати, за бојкотирање на претседателските избори. Но, во моментот кога Филип Петровски стана кандидат за можен кандидат за претседател од страна на ВМРО ДПМНЕ, тогаш и тој и Бачев почнаа да се залагаат за гласање. Имаше тука и навлечени интелектуалци, ватрени бојкотирачи, кои застанаа зад Филип и идеата да не се бојкотира, ами да се гласа. Уште тогаш поставив дилема која и сега ќе ја повторам: Ако партијата НДМ (сеуште не е регистрирана како Единствена Македонија) беше толку силна и со членство, зошто сама не си го кандидираше Филип, ами одеше на конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ во Струга?! Згора на се‘, стои и податокот дека зад финансирањето на Бачев и неговата партија стои Оливер Спасовски.

Мутирањето на “надежта“, гледаме вчера, дека е и во таборот на Солза Грчева и Палчо. Толку силните активности на солза за бојкот, повикување да не се гласа на претседателски, “надежта“ Солза, де – вчера како попче си седна во кабинет кај оној што требаше да биде бојкотиран. Солза излижа се што поплука, а како политичка жртва со себе го повлече и Љупчо Палчо. За финасирањето на оваа двојка Солза/Палчо задолжен е Верушевски.

Надвор од овие “Надежи од Битола“ постојат разни движења со предзнак бојкотирам. Таму е толку замумулена и загугулена ситуацијата, да еве јас што се обидувам преку директни контакти да разберам кој е кој, во тоа не успевам. Имаат никови, неаат имиња! Имаат програма, немаат кому да ја претстават! Имаат желба, не знаат како! Имаат план, ама не знаат кој тој план ќе им го оствари!!!

Хаос.

Сите овие горе пледираат да штрбнат од ВМРОДПМНЕВСКО-то гласачко тело.

Сепак не е се така црно. И порај тоа што во последнава изборна трка се избламираа (се избламираа и пред тоа, де) куп самонабедени професори како Солза Грчевам, Астеруд, Ванковска, Сиљановска, Ќулафкова…, останаа издвоени ликовите на интелектуалните Аконкагви од типот на професорите Љубомир Цуцуловски, Горазд Росоклија, Тања Каракамишева… Неизбламирани покрај нив останаа и Мирка Велиновска, Бобан Нонковиќ и Миленко Неделковски (Бриселската тројка).

Но, најголемо задоволство ми представува сознанието дека има млади момци кои на време се извелока од живата кал на СУМ, бојкотирам, бачевци, солзи, тодорпетровци и слични.

Моја лична проценка, а и препорака до моите читатели, е да ги следат текстовите на Томче Ширков и Игор Цветковски. Засега, на нивните ставови немам никаква забелешка.

Image may contain: 1 person, standing and outdoor

Image may contain: Igor Cvetkovski, smiling

Не треба да е човек Ајнштајн за да собере еден и еден, и реално да заклучи дека нема друга моќ што може да го сруши Зоран Заев освен ВМРО ДМНЕ. Секако, со соодветна помош од надвор.

Знам, знам… Сега почнува делот ама Жмиц ваков, таков… Овој, оној… Не направија, предадоа…

Се е во ред тоа. Ако некој критикувал и ги обележувал по име и презиме, тоа е секако Миленко. Но, моето прашање е КОЈ ДРУГ МОЖЕ ДА ГО СРУШИ ЗАЕВ? Кој??? Ако имате одговор, ама аргументиран, а не партиско-навијачки, повелете кажете. А само со “ќе видиш“, или “се кладам“, или со етикети нема да може да се сруши Заев.

Искрено, и мене ми се превртува во стомакот кога ќе го видам натопурчен Влатко Ѓорчев. Јас никогаш нема да му ја заборавам предавничката улога во Собранието на 27-ми. Ги бранеше оние ѕверови што сега ги ставија во зандани неговите партиски колеги Миле Јанакиевски, Спире Ристевски, Димитар Димовски… Ми се превртува во стомакот кога ќе го видам и Александар Николовски кои нели има “сериозни симпатии“ кон В. Британија – кон нашите душмани што со напалм бомби живи ги гореле нашите беломорци. Да искористам прилика да прашам, човеков потона, каде е? Годишен одмор? Ама многу некако дугачок. Ептен се има уморено изгледа!

Но, Христијан Мицкоски, или било кој лидер, не може да ги слуша сите кадровски желби. Добриот или лошиот избор на кадри е негова одговорност. За пораз он ќе е виновен, за победа он ќе е заслужен.

Лошиот избор што го направи Никола Груевски со Нола Исмаилова, кадрите на Стевче Јакимовски, Нино Тодоров, Сашо Василевски, Љупчо Арнаудов, Крсто Муковски и слични, го чини прогонство и неизвесност. Цената на погрешниот кастинг, брутално ја плати Никола Груевски.

Што ќе биде со кастингот на Мицкоски, ќе покажат следните вонредни парламентарни.

Прашањето за нас, од групата на 100-и-кусур илјадите гласови што евидентно недостасуваат на контото на ВМРО ДПМНЕ, е каде е спасот од Зоран Заев? Дали човек да му прости на Мицкоски за Ѓорчев и Николовски, ама да го види Заев и неговаа партија во опозиција? Ова прашање, знам, е змија или магаре. Или онаа црногорската, дали во војната си бил стрелан или ебан.

Реално гледано, во Македонија не постои друга структура која има таква организација, членство, распространетост и дисциплина каква што има ВМРО ДПМНЕ. Пазете, партија која по поразот на локалните веќе беше на гробарот под лопата. Сега, сите мерењеа покажуваат дека ВМРО ДПМНЕ стои далеку подобро од СДСМ.

Единствената партиска структура што може да го збрише СДСМ е ВМРО ДПМНЕ. Според мене со проветрување на кадрите и смената на Ѓорчев, Николовски победата би била уште по убедлива. Без извинувачи од типот на Шанац, а со луѓе што Македонија, ВМРО ДПМНЕ и националните интереси без никаква партиска функција или надокнада, со години јавно, јасно и гласно ја бранат по дебати, по телевизии, со текстови, со непосреден контакт со граѓаните…

На следните предвремени не е важна само победата, ами и резултатот со која таа победа ќе биде изразена.

51:49 за ВМРО ДПМНЕ, значи дека Пендаровски ќе му го даде мандатот на Заев. Мислам, дека се што е под 55 пратеника за ВМРО ДПМНЕ, ја проблематизира стратегијата на Христијан Мицкоски да стане премиер.

Да заклучам, само ВМРО ДПМНЕ може да го симне од власт “неговата екселенција“ Црпко Муртински. Никој друг. А, дали ќе успее раководството на ВМРО ДПМНЕ да допре и да ја добие довербата на симпатизрите што не гласале во последните циклуси за ВМРО ДПМНЕ од револт; дали ќе успее да допре до разочараните што гласаа за Заев а сега прогледаа и ја установија својата катастрофална грешка; дали Мицкоски ќе успее македончето кое во времето на Груевски стана Македонец, Заев го врати на ниво на македонче,  сега пак да биде кренат на ниво Македончиште – останува да видиме и да се надеваме дека ќе се случи.

54 или 55 пратеника за ВМРО ДПМНЕ значи пад на Заев. Како што ми кажа еден пријател утрово во гранапчето каде што во 6 сабајле си купив леб, ако пак тепа Заев, да се селиме.

Јас би рекол, ако пак тепа Заев – ДА СЕ УТЕПАМЕ. Сите, и ние и тие во ВМРО ДПМНЕ.

 

Миленко Неделковски

28.07.19  09.08 ч

Платамона

 

(се забевам бе…)