Професорите и нивното право

Професорите и нивното право

Во случајот на Јернеј, неговото “право“ е јасна дефиниција. Се мисли на правда, на правдина.

Но, кога пишувам и давам наслов за “Професорите и нивното право“, тогаш препуштам на вашата имагинација да си толкувате што под “право“ сум мислел! Правдина ли, или Право како научна дисциплина, како факултет, како место на собирање на партиски послушници, како право на избор, како право…

Но, текстов ми е за друго.

Професорите, оние од Правен, ако нешто успеаја во овие три децении, тоа е да не убедат дека се комплетни шмокљани, кариеристи, нестручни бубалици, подлизурковци, политички подопашници, предавници и незналици.

Нормално, меѓу нив ќе се најде пример-два кои не се такви, ама со самото тоа го докажуваат погоре констатираното.

Во скоро три децении, од правнот факултет добивме само РАЗОЧАРУВАЊА. Као нешто умни, научни, стручни – а, у ствари, ситни кариеристи, мамини и татини синови и внуци.

Правниот е инкубатор на предавници, пред се. Правото кое владее таму и кое го пласираат во државата е НЕправо. Правниот е изворот на:

  • Уставот со фабричка маана.
  • Охридскиот со предавничка агенда
  • Пржинскиот, Преспанскиот и сите други договори на штета на Македонија.

Секако, најголем гад меѓу гадовите на Правен беше, е и ќе остане Љубомир Данаилов Фрчкоски. Вечниот претседателски лузер и подопашник на Бранко Црвенковски. Од Правен на Јустинијан, се префарли на Правен на Фијат. Тој е најревносниот, најраспространетиот и најчестиот уништувач на правото и тоа исклучиво на штета на Македонецот.

Втор голем абдал од Правен е Васил Тупурковски. Човек кој успеа со својата ДА да не’ скара со Кина, за неколку десетци милиони долари во нивните џебови да го призне Тајван, а со самото тоа кинезите да си заминат од трупите на ООН на Македонско- Југословенската граница,  па посредно да се овозможи небранење на границата и атакот од албанските терорист 2001-ва.

Правната “наука“ кај нас е всушност поле за медиокритети да напредуваат, а ништо на државата и народот да не им донесат.

На пример, као ѓоамити “професор“ Ѓорги Спасов и неговата комплетно наменски проСДСМ насочена агенција “Рејтинг“. Кога сме кај рејтинг агенциит, тука е и уште еден од правото – Владимир Божиновски – Влајко, со најочајните прогнози во корист на ВМРО ДПМНЕ за последните локални и последните парламентарни.

Од правен, го имаме и терористот и уништувач на наша народна своина, као ѓоамити “професор“ Гордан Калајџиев. Кој смрад е тој, неверојатно дури.

Последниот “правен“ атак врз МАКЕДОНСКИОТ народ, се као божемити “правниците, а во осонва тешки кариеристи Стево Пендаровски, Билјана Ванковска и Гордана Силјановска.

Стево бе, кој нема дури ни докторирано а се претставува како доктор на науки, и онаа Ванковска која се кандидираше за претседател на државата само затоа што имала илјада лајкови на Фејсбук. Која лејка, бе!!!

Да не се заборави и Каролина Астерикс (добро бе, Астеруд), за која дури и незините најбилски тврдат дека ниту нешто разбира, ниту знае од правото.

Покрај “професориве“, постојат и поситни правничиња, северномакедончиња како Влатко Ѓорчев (тој дури не успеал да заврши во Скопје, па се префрлил во Штип), или пак шатро комитата Илче Димовски од Велес. Тука е и шлепаџијата доцентот Александар Спасеновски.

Правните кадри и сега не’ тормозат со својата неукост, пред се преку министерката Рената Тренеска Дескоска, Зоран Шапуриќ и слични.

И, секако, крајно, 10 години наназад Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, прв и единствен претседател на држава во светот сега и низ историјата во чие време, СПРОТИВНО НА ВОЛЈАТА НА НАРОДОТ било променето името на народот и државата. Влегол во кабинет како Претседател на Македонија, а замислете при примопредавањаето на функцијата на својот наследник (кој и да е тоа), ќе биде претседател на Северна Македонија што ќе го примопредаде својот кабинет на следниот претседател на Северна Македонија!!!

Кога на овој “импозантен“ список ќе се додаде и компромитираната булумента од Уставен и Врховен, јасно е зошто сите ние сме веќе во бездната, а не на работ на бездната.

Македонија и македонските политички кадровици, Македонската бизнис елита, Македонската Академија, Македонската научна елита, Македонската дијаспора, ние сите – не најдвме начин барем еднаш на чело на државата да поставме вистински интелектуалец, нескршлив македонист и патриот, храбар човек или жена. бескомпромисен борец отпорен на уцени и поткупи. Македонија не изнедри, сега кога е најпотребно некој Петре М. Андреевски („Трагата на ѓаволот не му ја гледаш и пак по неа одиш“), или Анте Поповски (Сама себеси врата – сама себеси клуч). Во овие 30 години не дочекавме некој Методи Андонов, Гоце Делчев, Кузман Јосифовски…

Наместо на интелектуалци и визионери, непоколебливи патриоти и хуманисти, ние цело време државата им ја оставивме на пиши-бриши мастиљри од “правен“, кој се борат само за својата правда и само за нивното право да сркаат, лапаат, земаат, акумулираат, лажат, манипулираат и фалсификуваат…

 

 

Миленко неделковски

Скопје, 30.04.2019 – 07.07 ч