КАТАНЕЦ НА ТВ НОВА

КАТАНЕЦ НА ТВ НОВА

Денеска на 13-ти, не е петок, ама е 13-ти, е црн вторник за ТВ Нова. Имено ставен е клуч на вратата, вработените се пуштени дома, нема никој во студијата и режиите (автобусот одамна замина).

Програмата е наредена на компјутерот со репризи.

Телевизијата која е направена по нарачка на едниот братучед за да му покаже на другиот како се прави телевизија – ПРОПАДНА.

Први ја напуштија превртачите соросидно-комуњарски:

Image result for тв нова старт

и

Експериментот со оваа телевизија покажа дека сериозен медиум не се прави без топ капиталци. А тие се бројат на една рака.

Овој експеримент исто така покажа дека не може прелетач(ка) без уреднички капацитет да носи такво бреме кое бара качување на рејтигот на една телевизија која ги имаше на располагање сите пари на светот.

 

Па така, драги мои волунтаристи политичари, ТВ Нова е доказ дека телевизија, фудбал и секс не се учат од гледање. Да не ве постетувам сега на вицот со Фата и Мујо кога се вратил од Немачка.

За се треба професионалци. Новинаришта во телевизија, тренеришта во фудбал и некој како Рон Џереми во секс.