АБЕ КАЈ СЕ НАОЃАТЕ, ЌЕ ДОЈДАМ ЌЕ ВЕ ОТЕПАМ

Убаво ме потсети Оливер Андонов со неговиот настап пред некој ден. Да напишам текст за мафијашката СДС структура во МВР. Се сетив дека во архивата си имам податоци за злоупотребите на кадрите на СДС кои работеле во полицијата. Конкретно за поранешниот началник на тајната полиција во Битола во времето на Бранко Црвенковски кој се вика Љубе Чкљамовски.
Чкљамовски инаку доаѓа од фамилија која има наследна форма на ментална болест. Неговиот брат е во Бардовци.
Чкљамовски во моментов има фирма за обезбедување. Тоа е всушност партиска агенција, како парамилитантна организацја. Кога на власт без избори доаѓа СДС, односно партиските кадри на Оливер Спасовски, тогаш тој почнува да дивее низ Битола и околината.
Чкљамовски е ментор на Славко Јовановски, начелник на битолската полиција кога СДС е на власт во МВР. Во тие неколку месеци во Битола е безвластие.
Началникот Славко Јовановски одбива да постапи по било која пријава или записник кога се во прашање неговите сопартијци од СДС.
Така е во случајот со заканите по живот, вадење пиштол уцена со безбедноста на фамилијата по телефон и во живо што се има десено во битолско. Ова што го приложувам го нема ниту ви билтенот на МВРСДС.
Кадрите на СДС и на Оливер Спасовски се закануваат низ битолско со зборовите: “АБЕ КАЈ СЕ НАОЃАТЕ, ЌЕ ДОЈДАМ ЌЕ ВЕ ОТЕПАМ“. Или со: “ЌЕ ТЕ СТРЕЛАМ, ПИШТОЛОТ МИ Е ВО ЏЕБ“.
На сторителот сеуште не му е одземено оружјето што е вообичаена превентивна процедура.
Така СДС практицира слобода и демократија.