ОДГОВОР НА ЖЕЛБАТА ЗА ФАБРИКУВАЊЕ СЛУЧАЈ ОД СТРАНА НА ЗОРАН ТРАЈЧЕВСКИ

 

ДО:

Комисија за заштита од  дискриминација на Република Македонија

 

Претседател

Александар Даштевски

Предмет:

Одговор на Ваш допис кој на рака го има примено на 18.08.2016.

 

Господа,

Во време кога целиот свет со судни маки се бори за слобода на говор, слобода на размислување, слобода на мислење и слобода на изразување – до Вашата инситуција е стигнат допис, кој ми го препраќате, од инстиуција која де јуре и де факто функционира како сатрап на јавното мислење и слободата на говорот, како инквизиција врз слободно мислечки луѓе, како полит-комесаријат од најмарчното време на комуњарските чистки… “Агенцијата за аудио  и аудиовизуелни услуги“  функционира по принципот на најславните ограничувачи на јавното мислење и слободата на говорот од маштапот на Гебелс, Берија и Макарти… Згора на се, тоа е агенција која самата по себе, а и со првиот човек на инстиуцијата на чело, функционира по принципот на слугантсво кон странски центар. Такви слуги Македонија имала со векови. Извршувале што ќе каже Истанбул во рамките на Отоманската империја, Белград во рамките на Кралството СХС, Софија во рамките на бугарската окупација, Москва во Сталиново време, Белград во Титово време, и еве сега Брисел.

Во години што ќе ги запамети светската историја како борба за слобода на мислење и борба за слобода на изнесување на факти, документи и сведочења – во време кога сведочиме на саможртвата на Џулијан Асанж, Челзи Менинг и Едвард Сноуден, во Македонија стануваме сведоци на медиумска информбировштина од најдолен вид.

Ја сум заморен од расправње со такви слуги и странски измеќари, но за нивната да не биде последна, а и за да има документ (доказ) Вашата институција, накратко ќе се обидам да одговорам на оваа глупост од писанија од страна на на анонимуси од ААМУ, кои никогаш и никаква блага врска немале со новинарство, телевизиско новинарство, а пред се блага врска немаат и немале со слобода на говор и слобода на човекот и неговите мозок, тело и душа. Секако, тие дебелогазовци (машки и женски) никогаш немаат разбрано што е тоа приватна иницијатва, приватна сопственост, приватен бизнис (медиумски во случајов), борба за остварување профит во капиталистичко општество, плаќање давачки, даноци, плати… Тоа се луѓе што се накалемни на буџетот на Република Македонија како трутови, тоа се луѓе што ништо и никогаш не созадале, луѓе кои никој и никогаш и за ништо нема да ги памети… Едноставно крлежи кои цицаат од народот. Тоа им е дострелот. Да цицаат.

…………

2.

ЗА “ПИСМЕНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШЕН НАДЗОР“ (колку тоа само џандарски звучи):

 

“Надзоров е извршен од некој(а) си Емилија Петреска, Сашо Богданоски и Емилија Јаневска – сите магистри!!! Двајцата од тројца се од “Одделението за човекови права и медиумска писменост“!!!!!!

(Овдека паравам мала, односно малку поголема пауза, оти неможам да се приберам од смеење. Што би рекол Грунф “Грохотом се смејем“. Не се смеам затоа што се магистри, ами за тоа што се задолжени за “медиумска писменост“!!! Чувај ме боже од идиоти и идиотски институции и одделенија).

После паузата продолжувам.

Веднаш да кажам дека сум убеден дека ААМУ и нејзиниот директор Зоран Трајчевски се во иста служба и со иста задача како и серија најразлични невладини, најразлични институти, најразлични набљудувачи и сличен олош кои имаат една единствена задача: ДА ШТАНЦААТ ШТО Е МОЖНО ПОВЕЌЕ СТРАНИЦИ НА БИЛО ШТО, САМО ДА ИМА МНОГУ БУКВИ, ЗБОРОВИ, ИНТЕРПУНКЦИИ, НАСЛОВИ, ПОДНАСЛОВИ – текстови што некоја медиумска инквизиција за убивање на сите слободи на говор на слободмислечките луѓе, ќе ги искористи во (тие си мислат) блиска иднина. Значи нивната задача е со што е можно повеќе хартија да исфабрикуваат што е можно повеќе случаи, да измислат што е можно повеќе клевети, за да можат да  ги замолкнат оние што зборуваат во името на народот, како народот и со говорот на народот. Ќе се согласите, ова баш ми личи на обидите за фабрикување на СЈО со Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи на чело.

Принципот е ист, се останато се варијанти (Ѓ. Балашевиќ).

На страниците 1, 2, 3, 4 и 5 “надзоров“ има само цитирање на она што јас сум рекол во своите емисии од 15, 22 и 29 јануари и од 5, 12 и 19 февруари. На 6-тата страна има и цитат од тоа што кажал мојот гост Бобан Нонковиќ.

Мислам дека бил залуден трудот на стручњациве за “медиумска писменост“, зато што јас своите емисии и настапи ги правам хируршки прецизно. Односно секој збор си има свое место и значење. Така да, сето што го прибележиле, ДА јас сум го кажал. Но, во сето што е прибележено нема ништо што покажува дека е било кој дискриминиран по било која основа.

На пример, во најдолениот ред од страница 5, пишува дека сум рекол (ДА сум рекол): “И сетсра му на Борјан рече Борјан, изјви “јас сум лезбејка““.  Бидејки ова го има кажано Светлана Нана Јовановска, сестрата на Борјан, и го има јавно споделено на социјалните мрежи, тешко било кој нормален може да види каде има дискриминација. И за што е дискриминацијата.

Или на страна 2 пишува, односно ме цитраат дека сум рекол (ДА сум рекол): “…нема потреба да тужи, бидејки следејки ги европските вредности Љупчо Николовски треба да е горд што е хомосексуаец, оти ете напред… понапред е од сите нас“. Пак велам, и овдека нема саглам човек што би видел каде е е дискриминацијата. Па јас овој наш краткотраен заменик министар а долготраен хомосексуалец го фалам на јавна сцена. Каква е таа дискриминација?!?!?!

Оној што сака да испопрочита се што сум рекол, може да го најде “надзоров“ на веб страната на ААВМУ, или пак многу полесно да си ги погледа моите емисии што се закачени на мојот Ју Тјуб канал.

 

КАКО ААВМУ ГО БИЛДА СЛУЧАЈОТ ЗА “ГОВОР НА ОМРАЗА“

Како и секоја бирократска инсититуција, ААВМУ се обидува со многу букви и цитирани закони да избилда случај и да го замолкне Миленко Неделковски.

  1. Па така, на страна 6 најдолу, го цитира член 48 он некој си закон, кој вели: “Аудио и аудиовизуелните услуги не смеат да содржат програми со кои се загрозува националната безбедност, се поттикнува насилното уривање а уставниот поредок на РМ, се повикува на воена агресија или на оружен конфликт, се поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза врз основа на раса, пол, религија или националност“!!!

-Доооообро! Зоран Трајчевски и неговата агенција ја погрешиле адресата. Нека повелат за овие “посебни забрани“ да се сконцентрираат кон Телма, 24Вести, Алсат – М…, кои го уриваат Уставниот поредок секој божји ден.

Бидејки, во погорниов член 48 не видов како е лезбејката Нана или хомоселсуалецот Љупчо битен за насилното урвање на уставниот поредок!!!

  1. На страна 7 овие од “медиумска писменост“ цитирале некој си член 3 што се однесува на основи на дискриминацијата. Таму се вели: “Се забранува секоја директна или индиректна дискриминација итд, итд, итд“.                                                                                                                                                                                        -Во 5-те цитирани страни нема ниту едно место каде јас сум повикувал на диксриминација. Напротив, на многу места и сум ги фалел што се така напредни за разлика од нас заостанатите.
  2. На страна 7 “медиумски пимените“ цитираат и некој си член 10, тој се однесува на слободата на изразување. Таму пишува: „ Секој има право на слобода на изразување… без мешање на јавната власт“!!!!                                                                                                                                                                                         -А, ААВМУ каква власт е? Тајна?

 

ВО КОЈА ДРЖАВ И СИСТЕМ ЖИВЕАТ ТРАЈЧЕВСКИ И ААВМУ?

На страница 8 од овој извештај за “надзор“, се цитира некој си член 14 кој е во врска со забрана за дискриминација. Тој член, секако, е од законот на Република Македонија и е излезен/објавен во Службениот гласник на Република Македонија.

Но, овие што се занимаваат со “медиумска писменост“ очигледно имаат општообразовна и стручна неписменост.

Имено, во текстот на страницата 8 тие се повикуваат на два случаи: Првиот, Вејдланд и други против Шведска од 09.02.2012. И вториот, Младина ДД против Словенија од  17 парил 2014.

“Магистрите“ од ААВМУ се повикуваат на пресуди во други држави, со други службени гласници, устави, закони и парламенти.

Во овој случај, “магистрите“ од ААВМУ не знаат дека живеат во држава во која не се применува англо-саксонското право, ами континенталното право. Па, Македонија не е држава каде има “Пери Мејсн“ судство кое се повикува на пресуди за слични случаи во други сојузни држави. Трајчевски би требало да знае дека ова не е Америка.

„Стручњаците“ на ААВМУ треба да ги читаат и применуваат законите што ги донесува Собраниетот на Република Македонија, а не Праламентот на Велика Британија или Представничкиот дом односно сенатот на САД.  Нашите институции и судови работат според законите што ги носи Собранието. Судовите не судат според предходно донесените одлуки на повисоките судови туку според нормите утврдени во законите.

Уште еднаш, во Македонија не важи “прецедентното“ право туку “позитивното право“  кое го сочинуваат нормите утврдени во законите што важат во РМ.

Како се вработени, со врски ли во времето на СДСМ, овие “магистри“ што вака базични работи не знаат???

 

БЕРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Втората половина на 9-тата страница и целата 10 страница се егземплар за воспоставување медиумска диктатура и директен атентат врза слободата на говорт во Македонија. Уште пострашно, заклучоците што “стручњаците“ од ААВМУ ги изнесуваат:

  1. НЕ ПРОИЗЛЕГУВААТ од предходното напишано!!! На пример, на страницата 10 во точката 2 која носи наслов “ Кое е лицето одговорно за изразување“, опишана е мојата емисија и јас лично. “Одговорноста“ што ААВМУ ја побарува е во врска со демолирањето на некој објект. Лицата кои демолирале не ги знам, објектот чив е исто така, не знам ни каде е ни кога е демолиран – но “одговорен“ сум и покрај тоа што никаква допирна точка немам со демолирањето. Велам, како во поднасловот, Берија (Трајчевски) веќе си е во Македонија. Судење без докази, вина без причина, пресуда без факти… Едноставно мора да изработи тоа што му кажуваат по амбасади, брисели и сл.
  2. ПРОИЗЛЕГУВААТ ИСКЛУЧИВО од активност на организациите “Совет за етика“, “Хелсиншки комитет“, “Коалиција сексуални и здравсвени права на маргинилизираните заедници“, “ЛГБТ центар“ и “Пријави насилство“ – сите до една финансирани од Џорџ Сорос и неговото “Отворено општество“. Сорос, кој еве само 5-6 месеци откако “магистриве “ изготвиле извештај, се испостави дека е најголемиот манипулатор со човечки животи и судбини, уништувач на држави, финансиер на крвави протести (во САД), перач на пари (Панамските папири), финансиски шпекулант, поддржувач на соработници на тајни полиции (Милчин, на пример) и крвник на многу држави. И, тие “организации“ се репер за Трајчевски и ААВМУ! Интересен е тој мазохизам на Трајчевски. Невладините што повеќекратно му ја фарбаа и кршеа новата зграда, му се единствен репер што го користи против мене?! И Фројд би се збунил, дефинитивно.

 

ВОЛНОСТ (VOLITION)

На крајот на 10-тата страна и целата  11-та страна, “магистрите“ што не прават разлика       помеѓу прецедентно и позитивно право, сакаат да докажат дека сум имал “волја“ да заговарам омраза кон хомосексуалците!

Па така, наведени се 5-6 примери кои претставувале “форма“ на хомофобија?! Лично мислам дека државна институција треба да се бави со СУШТИНА а не со ФОРМА. Бидејки, ниту еден суд не суди за ФОРМА, ами за СУШТИНА. Односно, откако ќе се утврди суштината на делото, може да се разговара за форма, облик и сл. Никако обратно.

Но еве, да видиме која “форма“ прочуените “магистри“ од  ААВМУ ја цитрале. Да повторам, форма која покаува дека заговарам омраза.

  1. “И хомосексулаците се болни луѓе. Сметам дека треба да има медицинска нега“.

-Барањето медицинска нега, како им се видело како “форма“ на омраза.

  1. “Затоа што во Крива Паланка тврдат дека е хомосексуалец“.

-Како е ова “форма“ на   омраза, ова е соопштување на нечие тврдење.

  1. “Ќе барам експертиза, односно вештачење на (високофрекфентен звучен сигнал) на Љупчо Николовски за да утврдиме, ако сум грешка ќе се извинам, ќе си платам, ако не сум грешка целата македонска јавност ќе биде известена за тоа каква му е ситуацијата со задникот“.

-Од кога тоа барање експертиза, вештачење, нудење извинување ако сум грешка и плаќање оштета е “форма“ на омраза?! Барње вештачење на се и сешто од страна на Мики Вуиќ, Медарски, Шилегов…, говор на омраза ли е?

  1. “Треба да се лечат… треба тоа со закон да биде ограничено, за да се заштитат вредностите традиционални, нашата религија православна, нашиот народ, нашата црква, нашето живеење“.

– Како може да биде “форма“ на заговарање на омраза кога барам да се заштитат традиционалните вредности, религијата, црквата… За кои вредности, ме интерсира, се залага Трајчевски? За која црква, религија?

  1. “Значи овдека на сликава двајца мажи се бацуваат. А тоа мене ми е непријатно за гледање“.

-За да нема кај мене “форма за заговарање на омраза“, што треба, ДА МИ Е ПРИЈАТНО ЗА ГЛЕДАЊЕ. На Трајчевски му е пријатно за гледање кога двајца мажи се бакнуваат?

 

Во текот на 12-тата и 13-тата страница “магистрите“ повторно практицираат “прецедентно“ право, што е во спротивност со уставот и законите на Република Македонија.

Спротивно со сите морални, законски и професионални норми, “магистрите“ на тие две странички изнесуваат “тези“, наместо конкретни и со факти поткрепени докази. Тие, службеници на Берија сакаат да судат и осудуваат луѓе според тези?! Боже мили до каде стигнавме?!

Во една од “тезите“ велат дека тоа што сум барал вештачење (ако се појавиме на суд, барам вештачење, а не онака), било говор на омраза. Било говор на омраза што јас (и 90% од планетава) мислат, за разлика од Светската здравствена организација, дека хомосексуланоста е болест. Забрането ли е да се мисли спротивно? Едноумие ли треба да има?

Натаму, “магистрите“ продолжуваат со својот извештај буквално со следните реченици: “Другата теза е дека…“.  Потоа, “во принципите што ги има прецедентното право на Европскиот суд“…

Од овие две страници на нивниот текст, може убаво да се види дека “магистрите“ и нивниот шеф Трајчевски сакаат да обвинат некого заради тези, а не заради факти!!! И, според неуставно и незаконско “прецедентно“ право. Да судат според НЕ-ЗАКОН. Берија, тоа ти е.

 

Морам да наведам уште неколку “нострадамуски“ исечоци од извештајов, оти да се одговара на цел текст е равно на болест. Да ја цитирам Мирка Велиновска: “ Не треба на корисните идиоти да им се навлегува во материјална расправа“.

Исечоци, нострадамуски:

  1. “Миленко Неделковски може да го предвиди своето влијание врз публиката“!!!

–Понекогаш си имам високо мислење за себе, ама дека волку сум надарен – НЕ.

  1. “Ваквите изјави покажуваат намера за пресметка со политичките неистомисленици (последните два емвроамбасадори)“!!!

–“Магистрите“ ете нострадамуски ги знаат и моите намери. Иако, не знам како знаат кои ми се политичките неистомисленици, кога јас, за разлика од Зоран Трајчевски, сум политички неопределен. Не сум член на ниту една партија. За разлика, од Трајчевски, велам. И, од кога тоа “евроамбасадорите“ се политички определени?!?!?! Има ли нешто на тој план што “магистрите“ знаат а пошироката Македонска јавност не знае?!

  1. “На неколку места во емисијата има виоскофрекфентни тонови за да се прикријат некои од зборовите, но притоа нема сомнеж за што и на каков начин се зборува“!!!                                                                                –Ете, сите оние гледачи што ми се јавуваат и ми се бунат што имало тииит и биииип, па не можат да разберат што кажувам, можат да се јават кај “магистрите“ на Трајчевски бидејки тие и кога е тииииит разбираат што е кажано.

 

 

КАЈ МИЛЕНКО НЕМА ПОТТИКНУВАЊЕ НА НАСИЛСТВО

 

На крајот од 15-тата страна, “магистрите“ велат: “Во изјавите на Миленко Неделковски нема директно и недвосмислесно поттикнување на публиката да делува насилно…“.

Па ако ова е заклучок, што се отепале од прислушкување и пишување? Ова да ме прашавте ќе ви го кажев. Без да правите трошок на буџетот на РМ.

Да бидам прецизен до крај, на погорниот цитат му следи и дел од текст каде се вели дека “тоа треба да се гледа низ пресудата на Европскиот суд за човекови права…“  Значи и таму каде сум јас апсолутно во право, одма наоѓаат скриен адут преку право кое не се применува во Македонија, а во светски рамки има смо еден – единствен случај.

 

 

КОЛВНОВИТЕ ОД ААВМУ

 

Почитувани господа од Комисијата за заштита од дискриминација, кога го добив вашиот допис и прилогот од ААВМУ, со голема сериозност почнав да го читам.

За жал, дури на крај , во вториот дел од претпоследната страничка (17) на писанието од ААВМУ разбрав дека се работи за комедија напишана од кловнови.

 

Односно да цитирам:

 

  1. На страница 17 во третиот пасус пишува: “Како што веќе наведовме, Миленко Неделковски во неговата емисија не ја повикува директно и експлицитно публиката да делува насилно…“
  2. На истата страница 17, во четвртиот (следниот) пасус пишува: “Миленко Неделковски во изданијата на негивата емисија поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на сексуална ориентација, со што го прекршил членот 48 од законот за Аидио итн, итн, итн…“

 

 

Почитувани господа од Комисијата, за мене е навистина напор да одговарам на писанија кои ги правеле луѓе што немаат базично средношколско образование. Луѓе што не ги знаат основите на најбитни предмети и лекции што влијаат на правилен развој на една личност. Како предметот Логика, на пример. “Логиката на исказот“, е една од основните лекции кои треба да се знаат. За да се нема проблем исказот од предходниот пасос да биде дијаметрално спротивен од следниот пасос. Кловновска шега, или тотален идиотлук е на само неколку сантиметри од лист А4 формат една институција финансирана од наш (и мој) народен џеб, да констатира две сосема спротиставени нешта. Навреда за мене е инситуција како ААВМУ да ме клевети и да ме суди по право кое не е инкорпорирано во нашиот устав, закон и законодавство.   Крајно, одвратно до повраќање е државна институција како ААВМУ и назначен директор на таа институција да користат “сознанија“ и “насоки“ исклучиво од организации кои се клонови на “Отвореното општество“ на Џорџ Сорос.

 

 

Ви благодарам на вниманието,

 

Миленко Неделковски

Слободен новинар од Македонија

 

 

(Напомена: Овој текст откако со препорачана пратка ќе биде испратен до Вашата институција, ќе биде објавен на социјалните мрежи и веб порталите во Македонија, Франција, Русија, Германија и Италија. Во ТВ сезоната 2016/17 ќе има и емисија посветена на оваа тема во рамките на “Миленко Неделковски Шоу“.)