-
Телма се исплаши да го објави Демантот на професорот Александар КлимовскиДеновиве македонската јавност е шокирана како Телма телевизија дифузирадезинформации за стручноста на проф. д-р Александар Климовски, раководител на мастерсстудиите по корпоративното право на Правниот факултет “Јустинијан Први” при УниверзитетотКирил и Методиј. Се работи за наредби добиени директно од основачот на Телма телевизија,Макптерол АД, со цел одредени вистини за приватизацијата и актуелните состојби во МакпетролАД да останат необјавени, а на штета на помалите акционери.Она што професорот го обелодени за таа корпорација, веднаш беше дочекано на нож од страна нателевизиската станица со национална концесија Телма телевизија, на приземен начин со јавновалкање на угледот и честа на професорот Климовски, а целта со тоа е да биде упатена и поракадека кој и да се обиде да објави било што за актуелните состојби во компанијата ќе го чека јавномедиумско иживување и понижување, без оглед на надоместоците за клеветите кои МакпетролАД очигледно е спремен да ги плати.Се работи за нарачана непрофесионална пропаганда, за да професорот Климовски биде замолчени со клеветнички обвинувања од Телма телевизија да биде дискредитиран во јавноста како наученработник и познат и признат експерт во својата област, верификуван од страна на Универзитетот“Кирил и методиј” и Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.Известувачката политика на Телма телевизија се сведе и на играње на улогата на јавен обвинител исудија поради обидите и за инкриминација на професорот за искажаните стручни ставови воинтервјуто објавено на порталот мкд.мк под наслов “Дезинформациите нанесуваат штета и наакционерите и на бизнис логиката”.Имено, без почитување на новинарскиот професионализам и новинарската етика, без претходнода биде прашан за вистинитоста на стручните ставови изнесени од страна на професоротКлимовски, како и за инсинуациите во најавената тужба од Макпетрол АД против него,раководството и уредниците на Телма телевизија, тргаат во лов на вештерки. Со тоа ја погазијановинарската етика и новинарскиот професионализам за кои очигледно лажно и декларативно сезалагаат.Нивните емисии во кои доминираа токму теми за новинарската етика и професионализмот зановинарското извесување биле неискрени, лицемерни и злонамерни. Дури и новинаритепотикнати од подучените платенички експерти кои биле консултитрани околу преземањето наМакпетрол АД се впуштија во полемика со професорот Климовски за правни прашања. Со тоаТелма телевизија започнува да го клевети професорот Климовски пред целата македонска јавноство термините за вести, а притоа одбива да му го објави демантот и да се извини за сторенаклевета кон него, која член 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета гопредвидува.Истовремено, несмасно во известувањето го помешува и неговиот општествен ангажман во ГДОМсо стручни ставови изнесени за Макпетрол АД. Тоа само уште еднаш ја докажа необјективноста инепристрасност на Телма телевизија во известувањето. Заложбите на професорот Климовски воГДОМ се насочени за зачување на државноста и суверенитетот на Република Македонија и немаатникава поврзаност со неговите научни и стручни ставови на полето на корпоративното право.Телма телевизија, исто така, со полна уста ги промовираше препораките на Прибе за медиумите иза медиумското известување, но со своите постапки покажа дека била против слободата наизразување како основно демократско право и правото на слободата на мислата.Телма телевизија најмалку што требаше да направи е коректно да се извини за вмешувањето идавањето паушални коментари за правните мислењата во интервјуто на професорот АлександарКлимовски. Ако навистина беше независен медиум, требаше да ги остави стручните прашања дасе расправаат мегу засегнатите страни и дебатирани во академски и деловни кругови, а споровитеда ги остави да ги решава надлежен суд.Дали телма телевизија е медиум кој законито ипрофесионално известува,илислужи самокакоалатка на нејзниот газда за пресметка со секој којшто ќе сака слободно да го искаже своетомислење или став за одредено прашање на начин што на него нема да му се допадне?Дали Агенцијата за аудио визуелни и аудио услуги ја прати активноста на оваа телевизија која иманационална концесија?Дали Снежана Лупевска Созен како одговорен уредник на Телма, чија емисија Код се занимава соистражувачко новинарство, ќе собере храброст да истражува за приватизацијата на Макпетрол АДи положбата на акцинерите во компанијата?
(Името на авторот на текстов е познато на редакцијата на Дудинка)