Карма ис а бич, треба да е мотото на внукот на оној што ги кодошел партизаните од Егејска Македонија и ги предавал на фашистите – Атанас Кировски Саки.
Неговите тврдења не го издржуваат тестот на времето од само неколку денонокија!
На 5-ти јуни, Саки ќе напише на ФБ: “Да повториме она што сите би требало да го знаат: Телма не е на продажба, колку тоа некого да фрустрира“.
Но, на 9-ти јуни, сите јавни гласила ја објавуваат официјалната понуда на фирмата Балкан Петролеум од Лонодон за преземање на Макпетрол за 50-тина милиони евра. Оваа фирма веднаш понуди цена 36% поголема од дотогаш важечката берзанска цена на акциите на Макпетрол. Само овој податок доволно говори за со години присатниот криминал на осиромашување на акционерите на Макпетрол преку фиктивна ниска цена на акциите на фирмата.
Па така, само 4 дена откако внукот на кодошот соопшти дека Телма не се продава, јавноста дозна дека се продаваат Телма, Оилко и Макптерол. И тоа во комплет.
Јас, за разлика од абдал каков што е Саки, повеќе пати низ годинивие пишував за преговори, пазарења, мешање на руси и слични активности околу Макптерол. Пишував и за Фершшед, Алфа, Кираца, Штерјо – па на крај излезе дека сепак имало нешто. Иако предходно ме уверуваа оние што ја “познаваат“ работата дека Алфа е топ, дека Штерјо по никоја цена не ја дава и сл.
Еве, сега слино е и со Макптерол.
Всушност, во Макптерол е уште подраматично. Таму, имено, “командната“ структура се менува заради природни појави. Човекот од најголема доверба во зделките на Макптерол и односите Макптерол – Оилко, братот на Андреја Јосифовски пред околу два месеца почина од срце. Додатно, на крајот на мај Андреја Јосифовски бил примен во една скопска болница откако имал тешки тегоби со срцето. Му бил извршен итен хируршки зафат и му биле ставени три бајпаса.
Откако така безочно излажа Саки на ФБ, сега кога тече процедурата за преземање на Макптерол, Оилко и Телма, основното прашање е кој стои зад Балкан петролеум? Од каде е капиталот на овој нов играч во нафтената индустрија во Македонија. И, што по преземањето?
Одговорите на овие прашања Саки не ги знае. А би сакал да ги дозне. Спротивно, одговорите на истите прашања ја ги знам, ама нема да ги кажам. Карма ис а бич, па така внукот на кодошот нека ги плаќа гревовте на дедо му измачувајки се (печејки се на тивок оган) да дознае каде ќе заврши.
Кхмкхмххх, не признавам прашања од неговите колеги по Вибер. Не кажувам. И во својот став ќе опстојам исправено како Рок оф Гибралтар.