Кога пред година-и-пол напишав (се пофалив) дека Миленко е единствен жив Македонски дисидент, сороспијчињата се спрдачеа со тоа. Мојот заклучок го дадов врз база на атакот што ОБСЕ и неговиот абасадор во Скопје го направија врз мене забранувајки им на сите медиуми да контактираат со мене! Убеден сум дека сите тие уредничиња на порталчиња, емисиички и телевизиички би сакале да станат дисиденти, важни, битни, забранети. Ама ете, само Миленко е биииипиран. Исто сум убеден дека не знаат што значи зборот дисидент. Еве ја дефиницијата: Дисидент, широко дефинирано, е лице кое не се согласува со доминантното мислење, политика или општествено уредување на средината во која живее. Па така, да ја сум лице што не се согласува со Евро-атланстските интеграции. Што не се согласува со Охридскиот и Пржинскиот договор. Што не се согласува со мастурбирањето на странските амбасадори врз Македонските граѓани. Значи, не се согласувам со она што се согласуваат 123 пратеника во Собранието на Републикава. Не се согласувам со Сорос, со фондации, со НВО-а, со ЗНМ и МАН. Значи – дисидент. Реално, дисиденти во Македонија се и поголемиот дел од жителите, моите сограѓани.
Уште по нешто сум дисидент. Односно не се согласувам со доминантното мислење. А тоа се гостите што ги поканувам во емисијата. Мислам на оние од странство.
За разлика од разни поканувачи на најразлични шацимаркакиси и талери, бејлиевци, гарети и ванхојтевци, кај мене на гости доаѓаат врвни светски интелектуалци што ја следат логиката, правдата и интересот на нормалниот обичен народ. Кај мене има парада од дисиденти, слободни умови, нескротливи карактери, мислители, филозофи. А не политиканти и корисни идиоти. Да потсетам, кај мене беше гостин долгогодишно оспоруваниот нобеловец Халифе Рахме, набрканиот од универзитет најмлад доктор на науки во Швајцарија Даниеле Генсер, протераниот од Франција Тјери Маисон по кого американците имаат подигнато потерница да биде уловен жив или мртов…
Да потсетам, на два пати гостин ми беше италијанецот Џулието Киеза кој беше уапсен мнатата година во Естонија заради тоа што беше поkанет да учествува на дебата во Талин на тема “Еу- Русија“.
И последно, пред два дена, еден од моите гости, полјакот Матеуш Пискорски, е уапсен во неговата држава заради, ЦИТИРАМ (Гугл транслејт):
—————————————————————————————————————————————————————-
“Апсењето на Mateusz Piskorski е манифестација на растечката политичка репресија и превентивни мерки пред претстојниот самит на НАТО. Тоа може да биде поврзана со фактот дека Piskorski имаше намера да објави книга за мистериозната околностите на смртта на Анджеј Лепер.
Збигњев Анджеј Лепер бил полски политичар кој бил водач на Samoobrona RP (самоодбрана на Република Полска) политичка партија.
Тој беше заменик-премиер и министер за земјоделство и рурален развој од 5 мај 2006 година до 22 септември 2006 година, и повторно од 16 октомври 2006 до 9 јули 2007 година, во кабинетот на Јарослав Качински. Како граѓанин Лепер, пред да се влезе во политиката, беше земјоделец во селото Zielnowo, Померанија.
Тој беше кандидат за полскиот претседателски избори во 1995 година, 2000, 2005 и 2010 година.
Лепер бил пронајден мртов во неговата канцеларија во Варшава на 5 август 2011 година Полицијата соопшти дека тој, најверојатно извршил самоубиство. Сепак, многу луѓе мислат дека тоа не е самоубиство, и дека тоа беше политичко убиство.
Пискорски бара на враќањето на власта на Полска, да застанат против членството на Република Полска во НАТО, и ја критикуваше трансформација на земјата во американска колонија која ќе е вовлечена во евентуална конфронтација со Русија. Piskorski и колеги активисти го посетија рускиот Крим, каде што учествуваа како набљудувачи на референдум за самоопределување на Крим, а со поддршка на народите републики на Донбас против режимот на Bandera во Киев. Mateusz Piskorski е еден од лидерите на Европскиот центар за геополитички анализи, евро-continentalist“.
—————————————————————————————————————————————————————-
И така, Полска го доби својот прв политички затвореник во демократското доба. Тоа е мојот пријател и гостин во емисијата Матеуш Пискорски.
Еве линкови за подетално следње на настаните:
http://sputniknews.com/europe/20160520/1039959177/poland-opposition-arrest.html
http://katehon.com/news/update-more-information-arrest-mateusz-piskorski
http://www.polskatimes.pl/fakty/polityka/a/mateusz-piskorski-szpiegowal-na-rzecz-rosji-lider-partii-zmiana-zatrzymany-przez-abw,10011276/
Па така, кога платениците на Џорџ Сорос и Осама Бин Ладен во Македонија, со пари префрлени од Кајманските острови, ќе сакаат да го дефинираат зборот ДИСИДЕНТ, слободно нека погледнат моја слика.