РЕЦИКЛИРАНИОТ ВАН ХОЈТЕ

Турбулентните денови по Велигденските празници, на политичката површина исфрлија неколку потези кои јасно ја покажуваат успешноста и неуспешноста на досегашните политики против народот во Македонија и државата Македонија.

Имено, официјално е назначен олеснувач-медиатор-булдожер-преговарач односно овој има ново име (официјална функција) која се вика “Специјален пратеник на шефот на германската дипломатија“ во ликот на Јоханес Хајндл.

Тоа е, како што луцидно би се изразил Бобан Нонковиќ “рециклиран Ван Хојте“. Тоа е уште еден фалус за задоволување од страна на соросписките активисти. Сороспиите имаат едноставна задача само да го променат шлицот пред кој се наоѓаат со подотворена уста и исплазен јазик. Доаѓањето на Хајндл покажува дека западот праќа далеку погабаритен политичар. Односно покажува дека Питер Ван Хојте бил еден обичен cat shit, што сега е претворен во мачкин испрдок. Дебело промашување.

Па така, сите што по десет пати го интервјуираа Ван Хојте, кои пренесуваа мачкини твитови и кои подмочуваа кога пијат кафе со него (председателот на ДИК, на пример) сега се соочени со поразителниот факт дека делувањето на Ван Хојте во Македонија било комплетно фијаско. Назначувањето на Хајндл тоа го покажува јасно и гласно.

Но, за мене, уште позначаен е заклучокот дека за “решавањето“ на ВНАТРЕШНОТО прашање во Македонија не биле доволни Бејли, Орав, Гарет, Алтхаузер, Оер, Белели и Пломп кои толку срчано и мотивирано се вклучени во разнебитувањето на државата повеќе од година-и-пол.

Мене ме радува, горд сум, што сите овие амбасадори, поддржани од други дипломати и со моќта на своите држави, немаат сила да го кутнат ВМРО и Никола Груевски. Инаку, доколку Бејли и Орав биле способни, доколку Алтхаузер била кадарана, тогаш немало потреба од “Рециклираниот Ван Хојте“.

Лично, не би го делел ентузијазмот на Никола Поповски околу доаѓањет на Хајндл во Македонија. Иако јасно ми е дека Поповски е дипломат и политичар, а тие не кажуваат јавно што навистина мислат.

Велам не би го делел емтузијазмот, бидејки самите “подготовки“ на Хајндл за настап во Македонија се одвиваат во Хаг (зошто Хаг, заради судот ли?), во Вашингтон кај чадорот и надвор од било која логика во Атина. Хајндл е назначен за решавање на ВНАТРЕШНАТА политичка криза. Тука не е како медијатор за името, тука не е како олеснувач за евроинтеграции на државава, тука не е заради бегалската криза. Па затоа, што на мајка му бара во Атина, пред да дојде во Скопје?!?!?!?! Атина ли ќе ја решава внатрешната работа на Македонија? Или и тој како и Заев ќе извршуваат агенди добиени од Јунинистан?

Имавме булдожери од Америка, Франција, Британија. Ги имавме Џејмс Пердју и Ален ле Роа. Еве сега германец, Јоханес Хајндл.