ЕВОЛУЦИЈАТА и ЦРПКО

ЕВОЛУЦИЈАТА и ЦРПКО

Еве ја дилемата:

Црпко тврдеше, негови зборови на ТВ, дека БОГ ГО ЦРПНАЛ ОД НИВА во Муртино и го донел во Скопје да ЈА СПАСИ МАКЕДОНИЈА!!!

Значи Господ, СОЗДАТЕЛОТ, СЕМОЌНИОТ го направил тоа ЧУДО!!!
Црпко ова го констатира.

Е сеа… Како неговите следбеници веруваа во НЕБОЖЈИ креации на светот?! Ерол Ризаов смета дека сме настанати од орангутани ко него! Гериз Око Соколово смета дека сме настанати од Биг Бенг, иако господ кажува за Адам и Ева, за создавање од негово ребро, за 7 дена за кое време е создаден светот!!! Најразлични пропали режисерчиња и квазиглумци се иссмеваат со теории што се Божји односно креационистички, а се залагаат за небожји односно еволутивни?!?!?! Новинарчиња и порталчиња се активираат.

Па така, дилемава: Црпнат ли е, или е еволутивен?! Оти, ако еволуцијата успеала, по пат на селекција (“Според научното толкување, поразвиените форми на живот потекнуваат од понеразвиени“) да го направи Црпкота, тогаш на што личел субјектот од кој со напредок е настнат Црпко?!
Натаму, читајки “научни“ пишувања се вели: “Човекот настанал во долг еволуционен процес, преку природна селекција“!!! АКо еволуцијава го “напреднува“ хомосапиенсот за, како врв на развитокот, да станеме Црпковци, ондак да ти се наплукам на таква еволуција. Јака еволуција, нема што?! Некаде попат орангутанот заебал нешто. “Опнал“ нешто погрешно?! Хиена или некој гмизавец.

Јас Миленко Неделковски, лично и персонално, ги побивам сите поддржувачи на Дарвиновата теорија (по автоматизам и Биг Бенг теоријата), преку постирање на една обична фотографија. Односно, оваа од насловот на текстот. Ако еволуцијата, долгиот процес, природната селекција, “од понеразвиен у поразвиен вид“ довела да настане ВАКОВ ПРОИЗВОД, ондак фала многу на таква еволуција. Мора да има грешка некаде по патот на “долгиот еволутивен процес“

Некоја грешка, и тоа кардинална.

Погледнте фото.