Да кажеше некој пред некоја година дека на светот има магионичар што ќе ги стави Васко Ефтов и Стевчо Јакимовски во прегратката на ВМРО, во скутот на Груевски, “грохотом“ (Алан Форд израз) ќе му се изнасмеев. Јас, и цела Македонија.
Ејјј, Васко Ефтов од најголем критичар на Никола Груевски да стане омилена фигура за цитирање од страна на медиумите кои се обележени од страна на СДСМ дека се ВМРОвски, кој би верувал? Па во емисијата за Никос Грујос, пред само 5 години, истиот Ефтов вели: “Последните неколку години постојано велев дека Никола Груевски е најголемата грчка инвестиција во Република Македонија“. Видео https://www.youtube.com/watch?v=FHGQ88kFy1s на 3 минути и 45 секунди.
Ејјј, Стевче Јакимовски. Оној Стевче што ќе го тепаше Сарма пред Собрание. Овој Стевче: https://www.youtube.com/watch?v=BSap4-nP1po
Овие два лика да ги ставиш во ситуација да застанат на страна на ВМРО, на Никола Груевски, на страна на актуелната власт, значи дека имаш магионичарски способности што многукратно го надминуваат талентот на Дејвид Коперфилд.
Каков магионичар, каков абдал, каков идиот, каков глупак треба да си за да ги ставиш овие два лика против себе и својата партија? Треба да си или црпнат како Црпко, или кодош како Милчин и или абдал како Бејли. Или сите тројца заедно, три-во-едно.
Да го ставиш, мотивираш и насочиш својот најспособен новинар против себе… Да го ставиш, мотивираш и насочиш својот најспособен теренаш против себе… Да го загубиш Стевчо, кој единствен од СДСМ секогаш имаше константна бројка на излезени активисти на протестите на СДСМ… Бројка на која се шлепаа сите други салонски политичари, вклучително и Бранко Црвенковски. Да го загубиш Ефтов кој конечно по 2011-та се врати на програмата на една од двете најгледани телевизии, и тоа во прајм тајм – те прави или чаробњак или глупак.
Вечерва Стевче го бранеше Уставниот суд од Заев.
СДСМ од двете страни на барикадите!!!
СДСМ пали гаси.