Ситуацијата со мигрантите, емигрантите, бегалците, азилантите – наречете ги како сакате, е нелогична до ниво на апсурд. Кога е во прашање рутата по која тие се движат, сувоземната рута, тоа е уште поапсурдно.
Овие луѓе што доаѓаат од Азија и Северно источна Африка, на патот кон ветената земја – Западна Европа, најнапред влегуваат во земја членка на НАТО Турција. Од Турција влегуваат во земја членка на НАТО и ЕУ Грција. Преку Босфор, а не преку Егејското море можат по сувоземен пат да влезат директно ако сакаат и во уште една замја членка на НАТО и ЕУ Бугарија.
Кога ќе се споменат НАТО и ЕУ како мокни организиации а и земјите членки на овие сојузи, се мисли дека се работи за организирани држави, дисциплинирани вооружени сили, ефикасна администрација и важење на демократијата на секој чекор од територијата која ја поседува НАТО и ЕУ. Но очигледно, претставата за тоа кои се и што се земјите членки на НАТО и ЕУ е лажна. Односно сосема поинаква од лажно претставената.
Затоа е можен таков феномен, тотален апсурд и нелогика, луѓето што илегално бегаат кон Запдна Европа а откако ќе влезат во земја членка на НАТО, а потоа и во земја членка на НАТО и ЕУ однонсо во Шенген зоната, тие “наеднаш“ решаваат да излезат и да влезат, да патуваат низ земји што не се членки на НАТО и ЕУ како Македонија, Србија а делумно и Босна и Херцеговина.
Нема никакво логчно објаснување зошто оној што бега би избегал – влегола во ЕУ, Шенген и НАТО земја како Грција, за од неа да повторно да избега – излезе?!
Нели е пологично кога некој без идентитет и без пасош што оди кон ЕУ, кога веќе еднаш ќе влезе и да остане таму, па низ земјите членки на НАТО и ЕУ Бугарија, Романија, Унгарија, или од другава страна Албанија Хрватска Италија да се довлечка до Германија?
Е, ама овде логиката не игра. Сите тие милиони луѓе доаѓаат на границата на малата Македонија која не е членка на НАТО и ЕУ. Од таа Македонија НАТО и ЕУ бараат да се справи со овој цунами, да ги прими, лечи, храни, легитимира, транспортира… Односно НАТО и ЕУ бараат од Македонија да го онаправи она се што нејзините членки не го прават, не знаат да го прават или нејќат да го прават.
Таа е истата Македонија каде амбасадорите на САД Џес Бејли, на Велика Британија Чарлс Гарет и на ЕУ Аиво Орав подолг преиод, а особено последниве 18 месеци се обидуваат да ја срушат легитимно избраната власт во Македонија. Да го срушат развојот на државата која нема море, нафта, плин, пловна река… Но има раст на ГДП, само во декември на пример, поголем од 10%.
Зошто би оделе сите тие преку Македонија?
Затоа што Ердоган ги пушта во Грција за да и создава проблеми на ионака потоната држава. Турците бегалците многу полесно би ги префрлиле кон Европа сувоземно отколку преку море со чамци.
Натаму, ако веќе дојдат до границата на Бугарија и сакаат да влезат таму, што реално гледано е најлогичниот потег, бугарите ги подложуваат на страотно тепање на голи табани, малтретирање, нехумано измачување.
Ако сакаат да одат преку Албанија, Црна Гора и кон Хрватска се соочуваат со тежок терен и безкруполозни банди.
Патот од Грција кон Италија со бродови засега е ризичен оти бродовите таму “често“ тонат и често сите се дават во морето.
Затоа, за бегалците најдобар е патот кој е стар француски сон што сега го запоседнаа кинезите, односно патот по долините на Вардар и Морава до Дунав. Пловни Вардар и Морава од Солун до устието на Сава и Дунав кај Белград е повеќевековен сон на Франција и други големи империи.
Следна голема нелогичност е соодносот на машки и женски бегалци. Сите знаеме дека причината за бегањето од матичните држави е војна, бомбардирање, глад, обезглавување, силување… Ако е така, зошто поголемиот дел од бегалците се мажи? Муслиманите кои традиционално се исклучително посесивни кон својата жена или жени, со ваквите бројки го рушат тој стереотип?! Излегува дека мажите бегаат од војните од војските , од дивјаците, од ИСИЛ – а своите жени, мајки, сестри, керки ги оставаат да се борат наместо нив, или ги оставаат на немилост на диви мажишта што можат да прават со нив што сакаат? Логика, како и во предходниот случај, нема!!1
Всушност има, ако сите овдеа и во Европа се освестиме и разбереме дека лажните бегалци се дебело финасирани со пари од Катар и Саудиска Арабија за да ја освојат Европа. Меѓу бегалците има и многу несреќници. Но тие се користат како параван, како човечки зид, за да пројдат милитанти што треба да ја дестабилизираат Европа по налог на Вашингтон.
Официјалните бројки за 2015-та за Македонија говорат дека од македонските власти 93.305 луѓе побарале признавање на право на азил. Од нив 39.066 се од машки пол, 19.623 се женски пол, 32.227 се деца кои патуваат во придружба на родител и 2.389 се деца кои патуваат без придружба на родител. Од сите овие најмногу имало Сиријци, 41.346, Ирачани 27.161 и Авганистанци 27.798.
Овие се оние што се легитимирани. Грчките и албански банди работат 24/7 во транзит и транспорт на азиланти низ Македонија кон Србија и Унгарија.
Значи официјално има два пати помалку жени од мажи. Овој процент кај оние што илегално минуваат, нелегтимирани, е драстично поголем. 90% се мажи во одлична физичка и ментална кондиција, кои делуваат како да се токму сега излезени од некој гим или атлетски тренинг.
Во контактите со луѓе од ФРОНТЕКС, или Еxternal Borders Agency of the European Union што се наоѓаат секаде по патот каде оди рутата со бегалци, добив запрепастувачки сведочења дека азилантите се опремени со најмодерни смарт телефони, со ГПС рути и алтернативни рути на тие телефони. Со градови, патишта и пруги по кој треба да се движат. Локални лица за контакт или за илегален премин на граница. Испостави на Вестерн Јунион, курсот не еврото и доларот во менувачниците во Македонија, Србија, Хрватска и Унгарија…
Она што е застрашувачко е и податокот дека пазарот на бродови, оние стари, дотраени, пред фрлање во отпад за да се сечат за железо, цветал ова зимо во сите европски медитерански земји. Особено Црна Гора, Албанија, Хрвтска и Грција. Секое мало бродче, дури и оние дрвани рибарски имаат цена. Една рута преку Отранската врата (Јадранско кон Јонското море) на сопственикот на скромен брод му донесува заработка од околу 300.000 евра. Тоа е иста цена, 1.000 евра по патник (околу 350 патника по брод), и за преминување на Егејското море. Старите рибарски барки од бившата Југославија повторно се поринати во море, бидејки на сопственикот му се исплати само еднаш да извози во еден правец, па таму може и да го напушти или потопи бродот.
Миленко Неделковски
На AJKF (Assozation Journalisten im Kampf um dem Frieden e.V.) годишната конференција во Париз (Франција) во хотел Вестминстер (13 Rue de la Paix, 75002 Paris).
18.02.2017