ЗАКЛЕТВА

Жална и абдалска е опозицијата во Македонија.

Некој трпелив и стабилен истражувач може да испише томови со нелогичности, глупости, абдалски потези на СДСМ.

Јас немам такво трпение и време, туку можам само делови да презенторам.

На пример, денеска во Собранието Спасовски и Ременска како попчиња си положија заклетва пред Велјановски и ВМРО. Ни срам ни перде. Мрсули.

Згора на тоа, координаторот на СДСМ Сугарески изјавува:
– “СДСМ не учествуваше во работата по едностраниот чин со неуставна одлука да го распуштите Собранието, со одложено дејство. Јас ниту во Уставот негде најдов, ниту во светот има практика некаде парламентот да се распушти, а потоа повторно да работи“.

Јасно ми е дека Сугаре појма нема што е Логика на исказот, ама барем некој од “професорското лоби“ нека му подобјасни.

Ако се работи за “едностран чин“, ако е “неуставна одлука“, ако “никаде во светот нема практика“ – ЗОШТО И КОМУ ТОГАШ ОВИЕ ГРЕВОВИ ОЛИВЕР И ФРОСИНА ПОЛОЖУВАА ЗАКЛЕТВА?!?!?!

На неуставно Собрание?! На едностраниот парламент?

Овие како Павле Трајанов. Ја напушта коалицијата, ама директорското место во “Службен гласник“ добиени при распределбата на местата во истата таа коалиција, не го напушта.