Утре Премиерот Никола Груевски патува за САД на состанок во Белата куќа со потпретседателот на САД Џо Бајден.
Па така, доаѓањето на Ховит, Кукан и Вајгел во Македонија станува третостепен настан. Односно они што и да говорат, ќе се повинуваат на она што Вашингтон ќе каже.
Последен пат кога имаа средба Бајден и Груевски беше во 2011-та. Тогаш средбата беше остварена во февруари, на точно 109 дена пред изборите (5.07.2011).
Сега, кога изборите се на 24.04.2015 средбата ќе се оддржи на точно 105 дена пред изборите. Безмалку идентично.
Во 2011 ВМРО освои 56 пратеника и ја потврди власта, додека СДСМ имаше 42 пратеника. И овој пат, баш како и бројките со посетата на Бајден, ќе бидат слични.