Анализата на кабинетот на Претседателот на Републикава, оној де што во ОН побара од американците да го пополнеле “вакуумот“ во нашата држава, покажува дека тој кабинет е се, само не е ВМРО-вски. А, машината на ВМРО го предложи, изгласа и донесе во кабинетот (во 2 мандата) сегашниов Прецедник.
Па така, советник за внатрешна политика е Флора Кадриу. Покрај тоа што е позната како учесник во Миленко Неделковски Шоу, таа зад себе има политичка кариера зачинета со менување на партии. Што би се рекло, гулаб “превртач“. Беше парламентарка како кадар на Мендух Тачи. Откако го напушти премина кај Имер Селмани. Инаку професорка е кај Фијат Цаноски. Се е, ВМРО не е!
Советник за спољна политика е Ивица Боцевски, познат по тоа што учествувал во Миленко Неделковски Шоу (!!!), но и по изјавата што ја дава кога влегува во било која партија: “Не ставајте кафе, за кратко сум“! Еден од поголемите неуспеси на популарниот „Боце„ е што не успеа низ кариерата да го надмине рекородот на Слободан Чашуле во менување партии и партиски дресови. Боцевски е наставник во ептен-нај-про-американската гимназија НОВА. Се е, само ВМРО не е.
Натаму, долгогодишниот спољнполитички саветник на куп претседатели Дарко Костадиновски, траеше и кај Трајковски и кај Црвенковски, еве сега и кај Иванов. Така да, ВМРО не е.
Заменик генералниот секретар за правни и финасиски работи Љубен Арнаудоски е во претседатескиот кабинет од 1977-ма?! Од времето на ептен-комунизмот.
Понатаму, Иле е внук на Трајче?! Како кој Трајче. Масалко де, од Кукуречани.
Љуљета Ќафлиу советникот за меѓунационални односи и Полковникот Азем Нуредин кој е аѓунтат на Председателот, мене не ми личат на ВМРО?!
Јана Дескока Пепељуговска, шефицата на протоколот, исто како и погореспоменатиот Љубен е во кабинетот од комунистичко време. Од Социјалистича Република Македонија во рамките на СФРЈ. Се е, ВМРО не е!
Крајно, Борис Јосифовски, Генерлниот секретар на Хорхе. Дали е он од ВМРО? Сигурен сум дека е од Аутокоманда, за тоа глава ставам. Но, во Аутокоманда кога најпрво си Комита а после Пират, немаш среќно (и безбедно) детство. Прво треба да си Пират, а потоа и Комита.
Уште нешто. Дали е Хорхе ВМРО? Секако, не е. Бил на многу места, низ младоста, ама во ВМРО не.
Чудна работа, мајката. Кога СДСМ предлага и има Претседател на државата, тогаш тој е хардкор СДСМ. Книшка со Број Еден. Кога ВМРО има Претседател, тој е “раткапна“, граѓанин, несакан од албанците (а кабинетот полн со албанци)… Се е, само ВМРО не е!