Твитот со одобрување и радост заради пресудата против судијата Панчевски од страна на амбасадата на САД е вршење ДИРЕКТЕН ПРИТИСОК врз Апелациониот суд кој ќе решава по жалбата на оваа пресуда.
Ова е невиден безобразлук, на кој сем проф. Тања Каракамишева и еден-двајца фејсбукџии, НИКОЈ ДРУГ не реагираше!!! Ниту МАНУ, ниту Правен факултет, ниту професори (Ина Василевска, Гога Сорос, Тимчо, Спасеновски…), ниту адвокати, ниту судии, ниту обвинители!!!
Сите молчат за ПРЕЗУМЦИЈАТА НА НЕВИНОСТ!
Никој не е виновен додека прсудата не е правосилна. Неправосилноста го става обвинетиот во позиција дека е невин. Со тоа, оваа “интервенција” од Калето е директен притисок врз Апелација да ја потврди изречената пресуда.
Згора на се, пресудата на судијката од Велес, радоста во твитот на САД амбасадата и очекуваниот епилог од Апелација уште една го потврдуваат владеењето на Дејвид Стивенсон и Кристина Каранакова од амбасадата на САД со правосудството во Македонија. Секој судија што нема да ги послуша ќе биде казнет како Панчевски.
Како би ја запечатиле судбината на Панчевски, Каранакова и Стивенсон како апелационен судија кој решаваше по жалбите на Панчевски (за надлежност на судот и за изречената мерка притвор) поставиле судијка која доаѓа токму од судот во Велес. Таа сега ќе решава и по жалбата на пресудата. Јака правда во името на народот!!!
Владимир Панчевски на крајот од овој фашистички процес ќе добие сатисфакција, но тоа ќе е по повеќе години и не пред нашите судови ами пред судот во Стразбург. Но, за жал, ќе биде со уништена фамилија, кариера и репутација.
Победата во Стразбур всушност ќе биде победа на Македонија врз фашистичкиот режим и окупација.
Сметам дека веќе не е реално судиите при изрекувањети на пресудите да велат “во име на народот”!
Поадекватно би било ВО ИМЕ НА АМБАСАДАТА НА САД ВО МАКЕДОНИЈА…
#РуситеСеОтепааОдМешање
#РускоВлијание
#КинезитеКорумпираат
#Помпео
Миленко Неделковски
07.08.20
Скопје