НЕОПРЕТОРИЈАНЦИ РАЗБРОЈС

НЕОПРЕТОРИЈАНЦИ РАЗБРОЈС

Се сметам себе си за еден од најжестоките (по жесток од Мирка нема) борци против играњето на картата на “кратка меморија“. Имено, некој човек (политичар, новинар, професор, бизнисмен, аналитичар, интелектуалец, колумнист…) ќе заговни нешто, а ние сите имаме обврска тоа да го заборавиме! Што побрзо!!! Оти, нели, ако не го заборавме, тој некој веднаш почнува да се лути, да е навреден, да кука по канцеларии, да плаче на рамиња на мокници, да оговара, да прави дворски игри, да подметнува… Зошто? Затоа што тоа што тој го рекол или направил, нормалниот народ, еве ја на пример, не сака да го заборави.

Како по некоја неприкосновено докажана формула луѓето што сакаат да играат на нашата кратка меморија се луѓе што се долгогодишни полициски соработници. Како ќе ги познаеме? Лесно, многу лесно. Тие преживуваат во сите режими и се впрегнуваат во “бранење“ на секоја власт.

Примери? На полициски соработници?! Ма колку сакаш.

Зоран Трајчевски од ААВМУ кој како “кадар“ на ВМРО ДПМНЕ води со децении моќна институција, а всушност е најблизок пријател со Хари Костов, ги исполнува и се залага за политиките на банкарот. Плус е нерзадвоен пријател со Џес Бејли. Јак “вмовец“, нели?!

Неговиот интимен пријател (заедно одат на маникир, педикир, масажа, фризерај, боење на коса…) Иван С. Мирчевски, ако немаме кратка меморија ќе се потсетиме дека беше највредниот, најпротежираниот кадар на најголемиот сатрап на МРТВ Гордана Стошиќ. Десетици кадри и многу проекти (Радио хор, продукција, народен и ревиски оркестар, играна програма, научна програма, документарна програма…) од МРТВ настрадаа по наредба на Гордана Стошиќ и по подлите местенки направени од Иван Мирчевски. Ете, ако немаме кратка меморија, ќе се сетиме на местенката каде го отстрани својот долгогодишен партнер водител Антонио Димитриевски. Заедничкото на Трајчевски со Мирчевски е и блиската секојдневна дружба со амбасадорот криминалец Џес Бејли.

Текстов подолго време ми се мотка низ глава, но еве виде бел ден финално инспириран од вчерашниот настап на уште еден неопреторијанец Горан Петревски – Чизмар. Неговата “турнеа“ од А1, преку МТВ, Вест и НОВАТВ јас лично не можам да ја заборавам, и постојано ќе ја потсетувам. Не можам да заборавам како во студијата на кванташки и она мобилното во паркчето кај влада го бранеше Велија Рамковски (а го напаѓаше Никола Груевски). Еве сега со својот настап директно го брани Срџан Керим, а индиректно Сеат Кочан и Никола Груевски. Знаејки како и колку “успешно“ го одбарни Велија, да сум на местото на Кочан, Керим или Груевски би бегал од таква одбрана. Но, тоа е мое мислење. Дозволувам секој да има свое мислење и своја проценка. Но, ако се цени по коефициентот на успешноста на бранењето на Велија, не би сакал да сум во кожата на Керим.

 

Напливот на вирусот “кратко паметење“ секако е најочебиен кај Васко Ефтов, долго време од вмровски кадри нарекуван “Хефталица“. Тоа е човек кој се соочи со судење за клевета откако мене, Мирка Велиновска, Благоја Самаковски и Јанко Илковски во своја емисија не‘ прогласи за преторијанци што го бранат дворот на Груевски, за лукративни луѓе што лапале пари за да бидат претотијанци и за луѓе што не виdеле подалеку од Табановце. Три обвинувања – три компира. Човек кој не знае англиски, кој краде инсерти од ТРТ (турска телевизиј) а на МТВ и гi продава за големи пари како свој производ и кој долги години голташе од парите и секретот на Хари Костов – еве сега стана неопреторијанец пар екселанс.

Но велам, јас не сум во бизнис со сакање-нејкење, не сум ниту во бизнис со заборавање. Јас сум новинар. И како таков ниту сакам ниту имам право да заборавам. Оние што сакаат да забораваат, тие си болуваат од “ноева болест“, па живеат со глава закопана во песок.

Значи да се потсетиме. Емисија “Долгите прсти на ВМРО“!!! Значи, според Ефтов ВМРО -Апашка, така? Сите оние од ВМРО што се одушевени од пребегот Ефтов, од менувањето на дресот (а често го менува и пак ќе го смени) и од “одбраната“ што сега ја пласира со документи добиени по “џандарска“ линија – им препорачувам еднаш на ден да си ја погледнат емисијава.

 

Откако ќе ги погледнат “Долгите прсти“, нека го погледнат и авторското дело за “Никос Грујос“. Во целост нека погледнат. Па ќе сфатат дека во случајот на Ефтов се работи за едно полициско-соработничко копиле што е сега вметнато тука за да нанесе што е можно поголема штета на осактената и дефанзивна ВМРО ДПМНЕ.

И на крај, откако ќе ги изгледаат овие две емсии, нека се потсетат на поентата на Ефтов во интервјуто дадено за “Прес24“ каде директно заговара набркување на Никола Груевски од челото на ВМРО ДПМНЕ. Еве ги неговите думи: “Да не беше Никола Груевски на чело на ВМРО ДПМНЕ и ако таа партија не ги форсираше темите за Тодор Александров и Ванчо Михајлов јас сум сигурен дека многу стари членови на СДСМ (поранешни офицери на ЈНА, функционери од времето на комунизмот и слично ) поради таа тема со федерализацијата немаше да гласаат за СДСМ на овие избори“. ( http://press24.mk/vasko-eftov-ako-kampanjata-potraeshe-ushte-malku-shilegov-nemashe-da-vleze-vo-shestata-izborna )

Да заклучам од ставовите на Ефтов: ВМРО има долги прсти (краде), лидерот е грк (Никос Грујос) и треба да се смени за бившите воени лица и комуњари да бидат задоволни.

Јако, нема што!

Како и кој го брани ВМРО деновиве, страв да те фати.

И ве молам, немојте со флоскулите “тоа се професионалци“!! Тоа се евидентирани полициски соработници и подривачи на ВМРО. Тоа се и ништо друго. Гниди.

Кога сум веќе кај медиумиве, да соопштам и дека нема потреба Чизмар да го брани Керим, новинарите на МПМ да штрајкуваат (во приватна фирма!!!) и слични задоцнети и непотребни акции.

Зошто?

Па затоа што судбината на МПМ е решена со планот кој кажува дека трите бренда (Дневник, Вест и Утрински) ќе бидат поделени на тројца сопственици кои независно ќе си тераат и финасираат понатаму.

Најтрагична ќе е судбината на Утрински каде сопственик ќе остане Срџан Керим. Најубаво (пак) ќе си пројде Чизмар, оти Вест во целост ќе го преземе Орце Камчев. А најсмешно ќе биде во Дневник каде газдарица ќе биде Јана Станисављева.

И, ондак то!!!

 

М. Неделковски