??????

??????

Да поставам неколку питањца:

1. Викенд колумниве на Фрчко, Орданоски, Геро и другите, може ли некој да ги разбере? Мене ми личи на ред солзи, ред мрсули.

2. Аанкетата на ИРИ нарачана од Брима Галуп, зошто е забранета да се објави јавно? Да не е заради резултатот? Како кој резултат? Па оноиј “многу на малку“.

3. Ако СДСМ ги бојкотира Парламентарните избори во Јуни, ќе ги бојкотира ли и оние локалните во март?!

4. Техничките министри задутре ќе одат на работа, или не?

5. Како тоа низ ходниците и канцелариите на Основен 1 има повеќе американски персонал отколку во амбасадата на САД во Скопје.

Тоа ми беа прашањата.