“РАДОСТ“

“РАДОСТ“

Само идиот може да се радува на својот пораз. Само кретен може да се весели и пее на победата на противникот.

А, не е дека не се свесни дека ќе загубат. Ептен им е јасно.

Еве го Гериз, тазе изјава дека СДСМ ќе загуби:

 

ГРУЕВСКИ ВЕЌЕ Е МИНАТО, ДИКТАТОРОТ ЌЕ БИДЕ ПОРАЗЕН НА ИЗБОРИ. ЌЕ ДОБИЕМЕ ВЛАДА СО ШИРОКА ПОЛИТИЧКА ПОДДРШКА. ТОА Е ГОЛЕМАТА СЛИКА, МАСТЕР ПЛАНОТ ЗА ТРАНЗИЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ОД АВТОКРАТИЈА ВО ФУНКЦИОНАЛНА ДЕМОКРАТИЈА.

Следните избори веројатно нема да бидат „кристално чисти“, како што одлучно бара СДСМ, но можеби можат да бидат „веродостојни“, како што нагласи Бајден, а сега повторува и Хан. Како и да е, резултатот мора да биде крај на владеењето на кликата Груевски и избор на влада, која по својот состав ќе биде техничка или експертска, а по својата политичка поддршка ќе биде концентрациона – политичкото влијание на победниците на изборите ќе биде клучно, но значаен императив ќе биде поддршката од сите водечки парламентарни партии. По својата мисија, таа влада ќе биде транзициска, влада која ќе го промени длабоко поделеното и конфликтно македонско општество и од автократија ќе го воведе во демократија. Објективно, тоа ќе биде историски подвиг на ова раководство на СДСМ на чело со Заев. Оставката на Груевски го најавува тој подвиг.

(Од мојата колумна што ќе биде објавена во саботното издание на „Слободен печат“)

 

———————————————-

Геризот не го интересира народот! “Како и да е резултатот“, пишува, морало да има “техничка или експертска влада“?!?!?!

Па ако е така имбецилу еден, зошто се оди на избори?! За тој што ќе тепа да не формира влада?!?!?!

Ахххх, овој разредениов воздух у Боровец!!!!