ЈАНЕВСКИ

ЈАНЕВСКИ

http://dnevnik.mk/?ItemID=50656CB7D8B3514CB76BFB4569F3194C

Ферус свири, Хилари на маса

Една од тие интелигентни американски ведети, кој ни ја разобличи и Мирка Велиновска како руски пропагандист, па во игра влегоа и Сибир и слично, се повикал на некаква фотомантажа па објавил дека наместо Министерство за правда, на новата зграда во Скопје пишува Министерство за сок (Ministry of juice, нaместо Ministry od justice). Ај, нему, мери му го умот, ама на пола српски медиуми и на по некој босански и хрватски кои се налепија на глупоста, тешко дека и мерач може да им помогне

Неделава Доналд Трамп имаше прв самостоен настап после епизодата кога сите републикански кандиадти беа соочени на една сцена. Рече дека сака да стане претседател на САД за да спречи на тоа место да седне некој кого богатите како него би го потплатувале. Како што тој ја потплатил Хилари Клинтон да му дојде на венчавката
Дарко Јаневски

Овие на УСАИД и на Сорос збеснаа неделава заради шестоте денари плус во пензиите што ги спомена премиерот Никола Груевски. Ја знаете онаа слика кога дете ќе се расплаче во маркет? Па удира со ножето по подот, се врти, плаче, вика, мафта со рачињата… е баш некако така личеа ведетите на Американците, на Холанѓаните, на Германците и кој се уште не ги дои со милиони евра поданиците на сфаќањето за комунистичка слобода на медиуми во Македонија. И некако ви доаѓа нејасно: ако Груевски е толку никаков како што тврдат, како воопшто некој може да помисли дека ќе направи било што со 600-тини денари месечно по пензинионер? Плус, целата негова пропаганда, нели, е разобличена, што би значело дека нема дејство. Не вреди. Има улога на парацетамол даден на човек што се бори да преживее по срцев удар. Басиму стопанката, што пари истурија западњациве, на крај пак самите мора да си ја вршат работата позади сцена. Да уценуваат, да снимаат, да се закануваат…
Една од тие интелигентни американски ведети, кој ни ја разобличи и Мирка Велиновска како руски пропагандист, па во игра влегоа и Сибир и слично, се повикал на некаква фотомантажа па објавил дека наместо Министерство за правда, на новата зграда во Скопје пишува Министерство за сок (Ministry of juice, нaместо Ministry od justice). Ај, нему, мери му го умот, ама на пола српски медиуми и на по некој босански и хрватски кои се налепија на глупоста, тешко дека и мерач може да им помогне. Тука некаде влегува и наводно сериозниот Блиц на нашите северни соседи. „Македонци добили Министарство сока“ кој директно се повика на нашава ведета. Јоој, брачо Срби. Ама кога ќе видите кој му е сопственик на Блиц, ја добивате некако нашата шема со медиуми и ви станува јасно што сеправи овде на Балканот под покривот на борба за слобода на медиуми. Бедно, победно, најбедно. Мизерно, помизерно, најмизерно. Хм, се чини во овој дел сиромашен ни е јазикот. Оваа градација не едоволна.
Меѓутоа, прашањето е дали таа шема со медиумите, која западните држави ја форсираат во Македонија, Србија и воопшто на Балканот, е некаква слика и за тоа како тие земји, кои наводно преплавуваат и зрачат со демократија, ја водат својата политика. Ако е така, a има конвој докази дека е токму така, тогаш, не треба да не чуди хаосот што ни се случува на Блискиот Исток, економската криза во Европа или проблемите со Русија. Да не зборуваме за нашиот спор со Грција или за начинот на кој се решава економската криза на нашите сакани браќа од југот, за јужен или турски поток или за тоа зошто и по десет години членство во НАТО и ЕУ, Бугарија и натаму е само една обична мизерна држава.
Неделава Доналд Трамп имаше прв самостоен настап после епизодата кога сите републикански кандиадти беа соочени на една сцена. Рече дека сака да стане претседател на САД за да спречи на тоа место да седне некој кого богатите како него би го потплатувале. Како што тој ја потплатил Хилари Клинтон да му дојде на венчавката. Си платил човекот и Хилари се нацртала на лице место. Како што доликува, што би рекол еден наш сајт, пренесувајќи дека на свадбата што ја организирал Минчо Јорданов имало седум владиици. Штета што претходно Трамп не бил на обука во Македонија. Тука сигурно би научил дека кога веќе Клинтонка дошла, ред би било и да се качи на маса. Кога веќе и залепил долари на чело. Знаете како е со такви нарачки. Големо деколте, кусо здолниште и задолжителна танга. И црвени чевли со висока штикла. Дваесет сантиметри. Свири Ферус, а Хилари на маса се тресе. Е, Доналде, Доналде, џабе ти се сите пари на светот, кога не си си го направил овој мерак. А, Бил Левински, ох, се извинувам, Бил Клинтон, вечерта да гледа на Си-Ен Ен.
Да не заборавиме, што стана со оној обвинтел кому министерот за правда по консултации со премиерот на државата му нарачувал што смее а што не смее за случајот со кривично гонење на двајца новинари? Всушност, станува збор за дилема, дали да поставиме наградно прашање: во која земја се случи таков настан – Македонија, Германија, Северна Кореја или Куба?

ВМРО-ДПМНЕ е на терен. Каде е СДСМ? Луѓе, поработете малку. Не можат се странците да ви сработат. И тие сакаат да отидат на некоја плажа.