ТИТ, ТИТ, ТИТ…

60-тина часа поминаа од “ТИТ Миленко ТИТ Неделковски ТИТ шоу“.

Искасапената емисија беше “иститкана“ до бесвест, за како што пишува во воведот “ВО ИНТЕРЕС НА ПРОФЕСИОНАЛНАТА КОРЕКТНОСТ ОСОБЕНО СПРЕМА СТРАНСКИТЕ ФАКТОРИ ВО МАКЕДОНИЈА“!!!

Тешко дека има некој што може да го “преведе“ или “образложи“ ова оправдание за тииииит. Дали се “странски фактор“ Кина и Русија, на пример?! Ваква професионална коректност има ли во државите на “странскиот фактор“?

Втор пат во неколку објави на Дудинка, а во само 24 часа, ќе го поставам видеото каде се презенирани истите фремови, секунди, минути од “тииииит“ верзијата и од она што навистина го говорам во емисијата.

Кој сака може да погледа. Под професионалната тиииит коректност не постои ниту еден вулгарен збор, ниту една навреда, ниту една закана, ниту еден говор на омраза!!!

Со тииииит се покриени следниве зборови: Ротштилд, Рокфелер, Џес Бејли, американска амбасада, британска амбасада, италијанска амбасада… Ниту еден од овие зборови не е псовка. Ниту пак контекстот во кои се ставени е навредлив. Дури не ни сатиричен или саркастичен. А толку многу Чарлс Гарет ни проповедаше дека ни недостасувал сарказам и сатира. Ама, изгледа “странскиот фактор“ сметал дека ни недостасува сатира и сарказам сако кога сме ние, дождовните луѓе, на Македонскиот полуостров во прашање. Кога се Гарет и Бејли, тогаш мора тиииит професионална коректност.

Па така, еве ви го видеото уште еднаш.