ТИИИИИИИИИИИТ

Најнапред да им го титнам на сите што помислиле дека под тииииит знакот Миленко кажува вулгарности и навреди. Дека изкажува закани и говор на омраза.

Бидејки сите инволвирани, па и јас, бевме два дена под атак со прашањето “Што бе кажа Миленко толку страшно па имаше тиииииит“, ги замолив вредните колеги од Инфомакс да извадат тииииит делови и да ги искомпарираат со стварно кажаното. Па ќе може да се види што всушност забранува Врховниот Цензор Зоран Трајчевски по наредба на Врховниот Владател Џес Бејли.

Вредно е да напоменам, дека под чудни околности и тотално неразјаснето, се случува i нешто со ТВ-теката на MaxTV!!! Имено Тииииит емисијата на Миленко Неделковски шоу, која инаку трае 90 минути, ја има во две одвоени парчиња со вкупна должина од 15-тина минути.

Па бога му љубим (ЈБТ), ќе си помислам дека сум ептен важен па се прави цела завера против мене. Но, овие констатации се реалност. Тииииит емисија, нема на ТВ-тека, длабоко во проно-пекарски термин!!!

Па, да не должам, еве го видеото. Ист секунди, ист Миленко… На едното место има Тииииит, на другото има амбасада САД, Бејли, Рокфелер, Ротшилд, загината во втора светска војна и слични “НАВРЕДИ“ и “ГОВОРИ НА ОМРАЗА“!!!

Вие споредете си.