Порталот “Новатв“ на Борјан од Брајчино објави дека “Адвокатот Владимир Данаилов, ангажиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права за застапување на четворица од приведените, за НОВА ТВ вели дека се работи за произволно и грубо приведување“. Односно тој адвокат тврди дека: “Станува збор за една неселективна и непотребно груба акција на полицијата која може да има за последица застрашувачко влијание кон идно учество на протести и со тоа ограничување на уставно загарнатирано право на протест“.
Значи, адвокатов се повикува на правото на протест!
Па се поставуваат следниве прашања:
1. Дали право на протест значи право да им се посака “да им се деси Диво насеље“, односно да загинат, на полицијаците?
2. Дали правото на протест значи “право“ да се шамараат и удираат полицајците, како што видовме на видео снимките и од пред една година, и вчера?
3. Дали правото на протест значи право да се крши и уништува државна, значи народна, своина. Да се палат слики и кршат лап топи како што правеше идиотот Савевски, што мисли дека е професор?
Ќе си речете, ма пушти глуп некој адвокат овој Владимир Данаилов.
Батко Миленко да ви каже. Не е глуп. Владимир, многу попознат по прекарот Стајлс (по англискиот бек од генерацијата што станаа светски шампиони, човек што се бунеше на се живо), е помлад БРАТ НА ЉУБОМИР ДАНАИЛОВ ФРЧКОСКИ. Па со такви братски референци е ангажиран од Хелсиншки.
Стајлс да кажува што е правда, што кривда. Боже, боже каде стигнавме?