Разбирливо, сите постови, коментари, текстови, колумни денеска ќе бидат посветени на вчерашниот дуел помеѓу Мали Ѓокица и Професорот.
Разбирливо, Миленко традиционално не е “сите“, па и колумнава нема да е како на другите.
Трите претрпразнични денови од почетокот на оваа седмица за мене се окарактаеризираа со многу поголема порака, отколку поразот што на дуелот го доживеа створот – кроткоебец, чив говор на телото не можеле да го истранеираат никакви робертпоповци, “странци од повисоко“, цацковци, коковци и слични национални предавници.
Имено, минатите три дена, во комплетен сјај, се покажа мојата констатација дека Македонија е окупирана, а Македонскиот народ е поробен.
Странскиот окупатор предводен од намесникот Џес Бејли, и домашната “Мали Ѓокица“ квислиншка власт, без криење, без срам – напротив вулгарно, грубо и силеџиски ја покажа својата сила, моќ и намера.
Ние сме окупирани. И од тој податок нема бегање.
Во нашиот “народен дом“, лани без да реагира дури и собранискиот спикер Трајко Вељановски, се пееше странска, иредентистичка, големоалбанска химна.
Трите години пред тоа беа одвоени за проект во кој Собранието нема да е битен фактор, ами за “народните“ прашања ќе решава група од 4 поглавици вонинституционално, против уставно и незаконски.
И така, дојдовме до вчера, завчера и прекчера.
Човек криминалец, три пати аболициран (Мицковски би рекол “не сме исти“), при инфлагрант аудио и видео докази каде бара мито, и посочува каде, како и колку треба да му биде исплатено е прогласен од судот за невин.
За да 48 часа од констатирањето на невиност на Мали Ѓокица, беше осуден поранешниот премиер за набавка на блиндиран автомобил во кој толку здушно се возат сите. Да, да сите… Од внуката на Заев, преку самиот Заев кој му наби километража како таксист од Њу Јорк, до помалите фигури од типот на Хан, Меј, Борисов и слична дребулија. И тоа, пресудата е од судијка што во минатиот режим важеше за блиска до Сашо Мијалков, важеше за дел од Сваровски судството и беше довлекувана од одмор во Турција во Скопје за да му пресудува притвор на Зоран Заев. Осудата е за застарено дело, на веќе аболицирана особа, за дело конструирано од набавка на нешто што било преко потребно! И кое е во секојдневна експлоатација.
Овие потези кои покажуваат дека нема што некој да е виновен или да не е виновен, ами кој и колку треба да лежи решава намесникот на окупаторската власт, ни ја покажаа сликата што ќе следи се додека овој режим не биде срушен, уништен и погребан, а злосторниците не бидат зад решетки, кога веќе законот не предвидува смртна пресуда.
Владеење на губернатор од страна преку квислинг од внатре, е карактеристика на окупирана држава со поробен народ во неа. Окупаторот нарочно, јасно и гласно, и пред се јавно, покажува дека е он ЕДИНСТВЕНАТА ВИСТИНА во нашите овоземни животи. Дека ОН, окупаторот, може да суди и пресудува кого сака, како сака и кога сака. Исто така, како ќе му прдне, може да ослободува, помилува, поништува пресуди.
Само во окупирана држава, каква што е Македонија, малцинството може да има повеќе власт, моќ и сила отколку мнозинството. Само во поробена држава може да има ваков верско-национален и политички апартхејд. Сведоци сме дека без срам и отчет, надвор од сите правни и човечки норми, од затворите и притворите во Македонија се ослободени СИТЕ исламистчки радикални терористи, убијци и монструми. Сите, до еден. Убивале нечии татковци, синови, браќа. Убивале деца, тинејџери… Убивале официјални претставници на власта на официјална држава. Сега шетаат слободни, а едниот од најголемите гадови и злосторници дури е и втор човек во државата гласан од разни павлебогоевци и горанмисовци. Спротивно, сите што биле патриоти, што си ја бранеле државата 2001-ва или 2017-та сеедно, се во зандани, и абер нема од нивно ослободување. Дури и оној кој има можност да стори нешто, Претседателот Иванов, во врска со патриотите Горан Ангелов, Игор Југ, Дедо Панче и други – е нем. Затоа разно-разни“команданти“ се ослободени и дадено име гориво во нивните иредентистички политики.
Еве пред сите нас сега е сликата на ослободените исламските терористи кои починиле крвави злодела, а спротивно сликата на патриотите што со истетовирани крстови и Богородици на градите гнијат во зандани. А ниту некого утепале, ниту против правниот поредок атакувале. На слобода се и сите учесници на антимакедонскиот пуч во Собранието, на чело со сите членови на пратеничките групи на СДСМ и ДУИ.
Имаме пресуда од 9 години за Џон Доу од МВР кој набавил нови возила за полицијата! Што ли требаше? Шиптарските екстремисти да се гонат со Југо Корал или Голф “кец“? Истиот е осуден со уште 6 години за набавка на блиндирано возило кое е според сите стандарди на европските држави, друштво кон кое, нели, се стремиме. Газот ќе го дадеме за ЕУ и НАТО, ама “Мечката Слон“, која според параметрите на државите од тие асоцијации одамна ќе беше претопена како старо железо, не ја даваме.
Да заклучам. Ние не сме во ситуација да тврдиме дека “немаме држава“, дека “изчезнавме“, дека “готово е“: Не, ние едноставно сме ОКУПИРАНИ.
И, како и во секоја окупација страдаат и се судени и осудувани патриоти, родољуби, стамени луѓе, непоколебливи и нескршливи.
Ние, луѓе, сме окупирани. Секоја окупациска власт е насилна, неправедна, нечовечна и неразумна. Со таква власт не можеш да се убедиш или да дебатираш.
Кога си послаб, а ние сме сега многу послаби од окупаторот и квислинзите на власт, единствениот начин на борба е партизанскиот. Секако, под партизанска борба во 41-ва се подразборале Тихи и Прле, ама сега се подразбира Сноуден и Асанж, Анонимуси и ФБ, Твитер и Инстаграм, Јутјуберството… И се така додека некоја друга голема сила не реши дека територијата на православниот Балкан за нив е еднакво важна како и за окупаторот. Па тогаш “новопартизаните“ да добијат посилно оружје и алатки за уништување на окупаторот и квислинзите. Оти сеуште се свежи сеќавањата на судбината на армијата на Царството Бугарија, на германската Група армија “Е“ и на Мане Мачков за време на окупацијата во Втората Светска војна.
Шансата да се очисти државата од политичкиот и квслиншки шљам ја испушти Ѓореѓе Иванов вечерта од 27-ми кон 28-ми април лани. Тогаш се виде неговата. Оправдувањето е дека од Бонд Стил ќе дошла спремна група мариници за да преземта контрола. Тоа, нели, по дефиниција е и ВОЕНА окупација. И, Хорхе попуштил! И, бидејки имал “разумен компромис“ што е сега, на една година по тоа, добивката од таа стратегија на неговите советници Борис и Синиша? Поробена држава и понизен народ?
Смрт за окупаторот – слобода за народот.
М. Неделковски
во поробена Македонија, на големиот празник на нашите големи Македонци – светите просветители.
24.05.2018