Со безмалку 35 годишно новинарско, пред се телевизиско искуство, со ТВ проекти кој ниту некој ги направил ниту ќе ги направи (во Македонија и Југославија), со ексклузива во Југословенски рамки, си давам за право повеќе години наназад да ја оценувам работата на колеги, помлади колеги, вчерашни дојденци во професијата, луѓе што “научиле“ телевизија од гледање во екранот дома…
Но, за разлика од најголемиот дел колеги, ја оценките не ги давам од субјективен аспект, според моите желби или односи со одредени ликови, ами според релевантни бројки.
А пред бројките и боговоте, а со тоа и политичарите, МОРААТ да молчат.
И пред повеќе години, кога за главни уредници на Форум беа назначувани Чашуле а потоа и Саки Кировски, пред тоа во РТС (сегашна МРТВ) кога полтроните на ЦК на КПМ беа уредници, подоцна кога во Дневник доаѓаа Жоро а пред него Коколанов, па се до по тазе именувањата на Чизмар во МТВ или Саки во Телма – сум ги оценувал и сум давал мислење за тоа што ќе биде со таквото уредникување.
Секако, имам сведоци од актуелните политичари, што сум кажал кога на голема врата и со гласни звона беше донесен “Тимот од А1“ во МТВ, оти они демек знаеле да прават вести. Тие дотогашните во МТВ – не!!!
Погрешната перцепција на политичарите за тоа кој може да ја “дигне“ МТВ беше детектирана и јавно кажана од мене, и еве сега три-и-пол години подоцна се покажува како апсолутно точна.
Ова сознание, секако, на многумина актуелни во политиката нема да им се допадне, ама сметам дека ќе се доволно искрени пред себе, мене и Бога за да признаат дека резултатот од “успехот“ им го кажав уште од стартот на проектот.
Оваа Влада, која е обвинета дека ја контролира МТВ, доколку е вистина обвинението, тогаш работела во корист на својата штета! Во корист на негледаноста на националниот сервис. Што значи дека или не го познавала тој сегмент или нарочно го уништувала со неквалитетни кадри од рангот на Чизмарот.
Па бидејки бројките се важни за рејтинг, популарност, избори, секс…, еве го соочувањето со реалноста:
Од 2013-та година наваму, Дневникот 2 на МТВ е во постојан пад на гледаноста.
Да потсетам, на 5-ти септември 2012-та , како Главен и Одговорен уредник на Информативната редакција на МТВ доаѓа Горан Петрески Чизмарот, докажаниот кадар на Велија Рамковски. Оној што најмногу мрзнеше пред Владата зимото пред инаугурацијата.
Дневникот 2 на МТВ има ваков процент на гледаност по години. Годишен рејтинг:
2010-та гледаноста е 5,71%
2011-та гледаноста е 6,90%
2012-та гледаноста е 5,69%
2013-та кога “тимот“ на А1 доаѓа во МТВ е 6,59%
2014-та гледаноста е 5,10%
2015-та гледаноста е 3,81% НАЈЛОШ РЕЈТИНГ НА МТВ во историјата откако постојат мерењата.
Или, прераскажано, од времето кога Горан Чизмар и неговиот “А1 тим“ доаѓаат во Дневно-информатвна на МТВ, таа редакција бележи перманентен пад на гледаност, а со тоа и на ВЛИЈАНИЕТО.
Сега истите кадри ќе ја водат новата телевизија и редакцијата на Вест!!?? Чуден кастинг за успех на медиум?!
Тешко, многу тешко, се изнедруваат ликови како Латас, Миленко, Ефтов, Мирка, Дарко, Бурек… Тие се сампорајски ликови. Оригинални. Нивната популарност, влијание, присуство, гледаност не може да ја достигне ниту еден пиљарски кадар, ниту еден грчки шпиун или полициски соработник.
Бројките неумоливо го покажуваат тоа.
На пример, последната емисија на Секуловска со Димитров и Арсовски на Јутјуб ја гледале 10 (ДЕСЕТ) луѓе. Емисиите на ТВ Република во просек 50-тина гледачи. Така покажува Јутјуб. Истиот Јутјуб покажува дека емисијата на Миленко со Мирка ја гледале 26.000 (ДВАЕСЕТ И ШЕСТ ИЛЈАДИ) луѓе. Со оваа бројка паѓаат во вода тезите дека Канал 5 се гледал само заради турски серии.
НоваТВ:
РепубликаТВ:
МиленкоТВ:
Оваа држава се декларира себе како про-западна, про-пазарно ориентирана…
За жал, за разлика од САД на која сите се повикуваат и во која сите се крстат, овдека не ми личи дека новинарството е про-западно третирано и вреднувано.
УСАид, Чарлс Гарет, амбасадата на САД, амбасадите на Холандија, Франција и Германија, Јавниот сектор кој го владее Законодавниот дом, про-западниот Керим и слични кога се медиумите во прашање парите, довербата и позициите ги делат по клучот на ЦК КПМ.
За жал, бројките кажуваат дека промашиле.
Ова, инаку себично гледано, е супер добро за гледаноста на Бурек, популарноста на Латас, влијанието на Миленко, тежината на аргументите на Мирка, луцидноста на Дарко… Се гледа разликата.
А слоганот на ВМРО ќе да беше ИМА РАЗЛИКА?!