Откако Латас обзнани дека покрај него, куп јавни личности, бизнисмени и политичари се предмет на рекет со снимените аудио материјали што Црпко Заев наместо на Катица Смоквица му ги предаде на Чауш – ежедневно се случуваат блиц постирања на непријатни содржини, а потоа повлекувања на истите во рок од неколку минути.
Веќе објавија повеќе медиуми дека рекет за необјавување на аудио материјал платил многунаградуваниот неимар, поранешен пратеник од редовите на СДСМ, Ванчо Чифлиганец. 80.000 евра била цената. Овој дел од неговиот неимарски живот нема да го најдете во “антологиското“ биографско дело на писателот и публицист Венко Андоновски “Ванчо Чифлиганец 60“. Можеби во новото дополнето издание, бидејки старово се “распродало“, ќе го прочитаме и овој моменат?!
Откако во јавноста излезе бомбата без број, ама со име “Ермира-Муса миднајт конверзејшн“, во деновите зад нас блиц појавувања имаше на аудио материјали снимени при разговорите на Хари Костов и Бранко Бојчевски, како и на оние помеѓу Орце Камчев и Оливера Трајковска. Плус, на косовски портали излегле неколку снимки од разговори на членови на ДУИ.
Чесно е да се каже дека сите говорат и ги цитираат тие аудио материјали, ама уште никој не ги најде ниту покажа. Наводно на кратко биле објавувани и повлекувани на Фејсбук профилот “Никола Тесла“. Ако е така, ова индицира на рекет шема од највисоко ниво. “Еве ти од-толку-до-толку слушни си го аудиото. Ако платиш веднаш толу-и-толку со “мипс“, ќе биде симнато од нет“.
Во кулоарите во Собранието сите пратенички групи “знаат“ за кои од нивните колеги има нешто! Ги има подоста кои откако седнале во фотељи, откриле дека се ебачи. Оти предходно тоа некако не им одело од рака (односно од …тииииит…).
Тоа сознание толку ги одушевило што не можеле да издржат своите “дострели“ да не ги споделуваат и по мобилен. Безбеднсна култура – НУЛА. Компир, зеро…
И сега мака – е па мака, него како!?
А и хедонизмот на бизнисмените, еве сега си има цена.
Бидејки Чауш е кримос и уличар, па него ниту Црпко ниту партија го интересирала – туку само пари, тој материјалите ги има раситнето и шитнато на повеќе места. Српски служби, косовска мафија, политички партии во Македонија… Сите имаат. Сега може да доаѓа и до “цесија“, каде со компензации ќе бидат затварани проблемите! “Јас имам за тебе, ти за онојга, тој па за мене“… Ајде да се договриме.
Ова е првиот стадиум од Македонија како Чикаго во 30-тите на минатиот век. Безвластие, односно владеење на банди. Банда е и групата на Црпко и тимот на Смоквица…
Бејли – респект. Успеа да ја распаднеш државава.