НЕМА ПЛАЖА – НЕМА МИР

Уникатен народ и држава сме! Нема дилеми.

Имено, не постои во историјата на човештвото, во пописот на сите големи и мали револуции – протестирачите, револуционерите, борците, активистите да одмараат за празници и викенди!!! Да бидат со реј бани и маникири. Со фризури и накит. Со гардероба и добра (скапа) пијачка по протестите.

Замислете Американската револуција (1765-1783) кога 13 колонии ја отфрлија Британската монархија?!

Замислете ја Француската револуција (1789-1799)?!

Или замислете ја Октомвриската револуција (1917), замислете ги Ленин, Троцки и Дубенко ?!

Замислете ја НОБ?!

Замислете ја Кубанската револуција со Фидел и Че?!

Замислете ги тие револуции каде револуционерите се оптегачени во ресорти на Халкидики, раскупувани по бутици во Солун, алкохолизирани во таверни со бузуки, ѕаѕики, малиџано и октоподиа?!?!?!

Замислете ги во тие револуции фенираната Уранија, дрогираниот Сарачини, пијаниот Џабир, огорчениот (од семејната трагедија) Тричковски, исфрустрираниот Орданоски, искомплексираниот Героски, предавникот Кировски, екстра-предавниците од фамилијата Јовановски, полноќниот дувач Кабранов… Замислете си ги сите овие платеници што слушат нареџења од типот “Ајмо сада звиждаљке у уста“?!?!?!

А, пак ќе кажам. Молете му се на бога, палете свеќа секој ден, што на чело на ВМРО е трпеливиот, тактичниот, мирољубивиот, неагресивниот Никола Груевски, спремен христијански да простува секому и за сешто.

Било кое друго кадровско решение во таа партија…, ај да не продолжам со пишување. Ќе биде не говор на омраза, ами ПРЕСУДА. КОНЕЧНА. Бетонскоплочна.