Паралелно со веќе она прочуеното на Рускоска не-се-споменуваат-политичари во сведочењето на Камчев, предпразничнава медиумска сцена е оптеретена и со медиумската Bitka na ljevici!!! Таа битка на Љевици се води на територија на Десници!!!
Со големо задоволство ги следам средувањата на сметките помеѓу Јоци и порталите кои до вчера и ги глорифицираа и пренесуваа фејсбук постовите. И, да ви признаам, по земја ми се влече. Ова влечење многу често ми се дешава у задње време.
Настрана сегашното освестување на разни курири, лидери, републики и инфомаксовци – мора да потсетам дека ЕДИНСТВЕН што уште пред 7-8 години водеше војна со оваа престарена и неебана фрајла, беше Миленко Неделковски. Сите останат си гледа од страна и си мерачеа, најчесто фаќајки ја нејзината страна. Сега, ете е време, јас да си мерачам и да го гледам меѓусебното мачкање со фекалии на доскорешните партиско медиумски соборци.
Инаку, Јоци не е ниту малку порасната и издигната од нивото кога беше во отворена војна со мене. Тоа е време кога плата земаше од вмровски медиум, уредник и беше кадар на Мартин Протоѓер, низ светот ја расшетуваше Стевчо Јакимовски а си го бранеше вечниот свој миленик Бранко Црвенковски.
Па така, во своите напори да ги испогани другите луѓе (што еве сега гледам го прави со Наталија, Златев и другите), таа тогаш во мојот случај мешаше деца, фамилија, сопруга и се друго приватно што можеш нејзиниот извртен ум да измисли. Те децата ми избегале, те ме напуштиле, те се срамеле од мене, те не ме контактирале и се така до сто и една. Во меѓувреме мојот син и ќерка на безмалку 30-годишна возраст се успешни млади луѓе, си имаат свои фамилии, свои вработувања, успешни кариери, домови, свои сакани партнери, родители на нивните партнери (во Русија и Германија)… И, моите деца редовно си доаѓаат во Македонија, си го посетуваат својот татко, не пропуштаат доаѓање а да не го посетат гробот на таткото на нивниот татко, редовно комуницираат, почитуваат, па и помагаат (и финасиски кога треба). Спротивно, Јоци си остана стара, офуцана, со декади неебана фрајла чие дневно расположение зависи од редовноста на земање апови препишани од соодветната психијатарска клиника.
Уште тогаш предупредував, се спротиставував и ги критикував задолжените вмровци во Центарот за комуникација Мартин Протуѓер, Илија Димовски, Крили Божиновски па дури и самиот Никола Груевски дека е ШТЕТНО ВМРО ДПМНЕ да се потпира на соработка и да бара одбрана и услуги од луѓе кои се со различна политичка провиниенција. Не беше тоа само случај со Јоци, ами и со Ивор Мицковски, Жоро Димитровски, Ивица Боцевски. Интересно е дека такви киксеви на СДСМ никогаш не му се случуваа. Киксови на ангажирање на прелетачи кои на првата кривина го напуштаат бродот.
Тие погрешни избори, кастинзи, таа заслепеност дека тие-да-се-на-наша-страна е добитната варијанта, од секогаш ја следело ВМРО ДПМНЕ и секогаш, еве како и сега, им се удирало од глава. Во еден краток период од 10-тина дена, двата најцитирани лика во порталите Курир, Република и Инфомакс, значи Васко Ефтови и Јорданка Јоци, испоплукаа се‘ она за кое до прекчера беа истомисленици. Следам дека и меѓу партиските “ботови со матичен број“ (крилатица на Бобан од Брисел) има организиран и макотрпен напор од своите профили да ги избришат сите постови каде го посторале Васко Ефтов со епитети леѓендо, мајсторе, браво, се-им-кажа-во-лице…, како и постовите каде Јоци беше царица, па лавица, па алал-да-ти-е и слично. Бришењето постови е напорна работа за да си се покажат ботовите политички правоверни.
Ангажирање на идеолошки неистмисленици е вечна грешка на ВМРО ДПМНЕ. Таквите преторијанци десната, патријахална, патриотска, националистичка идеологија, живот заснован на вредности, фамилија, религија, работливост, искренст… – не ја споделуваат. Тие се измеќари на ѓаволот. Што ете, од последните настапи на Јоци и Ефтов експлицитно може да се види.
Повеќепати досега предупредив, еве уште еднашка, во не така далечно време истото ќе им се случува и со Геровски и со Златев и со Момировски (стварно, со кој минат труд Горан е као нешто сега најистакнат кадар во Алфа? Па тој од “успех“ има пораз на претседателски и дописник од Германија без да знае да зборува германски!!!).
Инаку, не можам да се согласам со тврдењето во еден од постовите дека Јоци била постирана заради тоа “што било комично како поплукала секаде каде лижела“ (!!!), иако мислам дека е некоја забуна, оти би требало насловот да е со обратен редослед на примената на зборовите “поплукала“ и “лижела“.
Значи не се согласувам со ова, затоа што мислам дека Јоци, впрочем како и Ефтов, Зоран Божиновски и слично, се објавувани заради наредбите од Центарот и пред се од Александар Николовски.
Јас разбирам дека секоја партија, и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, си имаат свои центри за комуникација каде различни кадри (Роберт Поповски, Иво Котевски и други) нудат, дури и налагаат на “своите“ медиуми што да објавуваат, а што не. И, тоа е во ред. Нивна партија, нивна проценка, нивна одговорност…
Но сметам дека за погрешните проценки и ангажмани, како што се испоставува дека се ангажирањата на Ефтов и Јоци, треба да има одговрност.
Дудинка утрово со задоволство ја пренесе најновата колумна на лидерот на опозицијата и на најголемата политичка партија ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски напишана за сајтот на Садам.
Основната поента на колумната е барање ОДГОВОРНОСТ. Да цитирам: “Одговорност мора да има, веднаш или потоа, но ќе ја има…“ пишува Мицкоски во својата колумна. И со право, тој бара одговорност.
Апсолутно се согласувам. Но барањето одговорност од другиот табор, а не покажувајки одговорност во својот, не дава кредибилитет на повикот за одговорност.
Видете, кај нас Костадин Костадиновски повикува на одговорност од Христијан Мицкоски и Никола Груевски. Од спротива Наум Стоилкосвки ги повикува на одговорност Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Но, никој, ни Костадин ниту Наум, ниту нивните две партии, не повикуваат на ВНАТРЕПАРТИСКА ОДГОВОРНОСТ?!!!
Па така, да се бара одговорност од противникот, треба да се покаже сопствена одговорност. Оти оние што се мислат безгрешни се институционализирани заедно со оние што мислат дека се бонапарти, цезари, фараони.
Цивилизирано, демократски, со домашно воспитание, градски е одговорноста да се бара прво кај себе, за да се има кредибилитет да се бара и кај другите.
Јас не знам кој е одговорен за супер глупавото решени да се ангажира Васко Ефтов ем за директор ем за главен и одговорен уредник во АЛФА (таков ангажман немал ниту Мали Ѕинго), ниту за моронското постојано цитирање на ФБ статусите на Јоци. Но, секако внатре во ВМРО ДПМНЕ тоа си го знаат, па со самото тоа треба да повикаат на внатрепартиска одговорност што вака прљавиот веш и фекалиите се распослани по улица. Кој предложил, кој ги ангажирал? Чива идеа било тоа, чива реалиазија? На Груевски, Мијалков, Мицкоски, Николовски???
Зошто е потребна одговорност? Па, просто, за грешките ДА НЕ СЕ ПОВТОРУВААТ.
Еве, сметам дека Христија Мицкоски би требал да побара одговорност од …. Хммм, да парафразирам, уште подобро, како промер, Влато Ѓорчев уште пред да побара Христијан Мицковски одговорност од него, тој сам да соопшто дека е исклучиво одговорен за погрешната проценка и кастинг при форсирањето на неговите два пулена Саше Шамарлитико во телевизијата на Бојо и Ване Цветанов во Агенцијата за перење пари. Внатрепартиската одговорност значат партиски санкции поврзани со позициите што поединецот ги зазема.
Без преземање одговорност, кога секој може да форсира будала каква што е Саше Политико, каде што се некој тазе-познавач-на-медумите ќе се пали на глупите статуси на Јоци, каде што партијата спасот ќе го бара во ангажирањето на Ефтов – без преземање на одговорност за тој ВОЛУНТАРИЗАМ во така комплексен и значаен сегмент какви што се МЕДИУМИТЕ, грешките ќе се пофторуваат и ќе носта штета на партијата.
ВМРО ДПМНЕ и кадрите во партијата може да се лутат колку сакаат, ама ова е пишано за нивно добро.
За многу години нека е утрешниот Голем Празник
Миленко Неделковски
Скопје, 27.08.19