ДУДИНКА ОБЈАВУВА ШТО ДРУГИ НЕ СМЕАТ

ДУДИНКА ОБЈАВУВА ШТО ДРУГИ НЕ СМЕАТ
  • Телма се исплаши да го објави Демантот на професорот Александар Климовски
    Деновиве македонската јавност е шокирана како Телма телевизија дифузира
    дезинформации за стручноста на проф. д-р Александар Климовски, раководител на мастерс
    студиите по корпоративното право на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот
    Кирил и Методиј. Се работи за наредби добиени директно од основачот на Телма телевизија,
    Макптерол АД, со цел одредени вистини за приватизацијата и актуелните состојби во Макпетрол
    АД да останат необјавени, а на штета на помалите акционери.
    Она што професорот го обелодени за таа корпорација, веднаш беше дочекано на нож од страна на
    телевизиската станица со национална концесија Телма телевизија, на приземен начин со јавно
    валкање на угледот и честа на професорот Климовски, а целта со тоа е да биде упатена и порака
    дека кој и да се обиде да објави било што за актуелните состојби во компанијата ќе го чека јавно
    медиумско иживување и понижување, без оглед на надоместоците за клеветите кои Макпетрол
    АД очигледно е спремен да ги плати.
    Се работи за нарачана непрофесионална пропаганда, за да професорот Климовски биде замолчен
    и со клеветнички обвинувања од Телма телевизија да биде дискредитиран во јавноста како научен
    работник и познат и признат експерт во својата област, верификуван од страна на Универзитетот
    “Кирил и методиј” и Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.
    Известувачката политика на Телма телевизија се сведе и на играње на улогата на јавен обвинител и
    судија поради обидите и за инкриминација на професорот за искажаните стручни ставови во
    интервјуто објавено на порталот мкд.мк под наслов “Дезинформациите нанесуваат штета и на
    акционерите и на бизнис логиката”.
    Имено, без почитување на новинарскиот професионализам и новинарската етика, без претходно
    да биде прашан за вистинитоста на стручните ставови изнесени од страна на професорот
    Климовски, како и за инсинуациите во најавената тужба од Макпетрол АД против него,
    раководството и уредниците на Телма телевизија, тргаат во лов на вештерки. Со тоа ја погазија
    новинарската етика и новинарскиот професионализам за кои очигледно лажно и декларативно се
    залагаат.
    Нивните емисии во кои доминираа токму теми за новинарската етика и професионализмот за
    новинарското извесување биле неискрени, лицемерни и злонамерни. Дури и новинарите
    потикнати од подучените платенички експерти кои биле консултитрани околу преземањето на
    Макпетрол АД се впуштија во полемика со професорот Климовски за правни прашања. Со тоа
    Телма телевизија започнува да го клевети професорот Климовски пред целата македонска јавност
    во термините за вести, а притоа одбива да му го објави демантот и да се извини за сторена
    клевета кон него, која член 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета го
    предвидува.
    Истовремено, несмасно во известувањето го помешува и неговиот општествен ангажман во ГДОМ
    со стручни ставови изнесени за Макпетрол АД. Тоа само уште еднаш ја докажа необјективноста и
    непристрасност на Телма телевизија во известувањето. Заложбите на професорот Климовски во
    ГДОМ се насочени за зачување на државноста и суверенитетот на Република Македонија и немаат
    никава поврзаност со неговите научни и стручни ставови на полето на корпоративното право.
    Телма телевизија, исто така, со полна уста ги промовираше препораките на Прибе за медиумите и
    за медиумското известување, но со своите постапки покажа дека била против слободата на
    изразување како основно демократско право и правото на слободата на мислата.
    Телма телевизија најмалку што требаше да направи е коректно да се извини за вмешувањето и
    давањето паушални коментари за правните мислењата во интервјуто на професорот Александар
    Климовски. Ако навистина беше независен медиум, требаше да ги остави стручните прашања да
    се расправаат мегу засегнатите страни и дебатирани во академски и деловни кругови, а споровите
    да ги остави да ги решава надлежен суд.
    Дали телма телевизија е медиум кој законито ипрофесионално известува,илислужи самокако
    алатка на нејзниот газда за пресметка со секој којшто ќе сака слободно да го искаже своето
    мислење или став за одредено прашање на начин што на него нема да му се допадне?
    Дали Агенцијата за аудио визуелни и аудио услуги ја прати активноста на оваа телевизија која има
    национална концесија?
    Дали Снежана Лупевска Созен како одговорен уредник на Телма, чија емисија Код се занимава со
    истражувачко новинарство, ќе собере храброст да истражува за приватизацијата на Макпетрол АД
    и положбата на акцинерите во компанијата?

(Името на авторот на текстов е познато на редакцијата на Дудинка)