Информацијата што ја презентораше Дудинка за заверата од страната на амбасадата на САД и двајца судии во предистражна постапка во Основен 1, нормално ја презедоа сите соросови сајтови! Инаку, како би биле читани?!
Иако викенд, од партијата ВМРО и од Основен суд 1 Скопје до Дудинка пристигна демант. Тие две институции, секоја одвоено, тврдат дека такво нешто немало, ниту било планирано, ниту се случило.
Дудинка нема капацитет да ја провери и докаже веродостојноста на својата информација, па останува да поклони доверба на тврдењата, односно демантите.