ДВЕТЕ ОПЦИИ за ВМРО

ДВЕТЕ ОПЦИИ за ВМРО

После уште едно мочање врз главата на цела Европска унија, врз сите во Македонија, врз Хан, Бејли, ВМРО, ДПА и ДУИ од страна на Зоран Заев, ВМРО има ДВЕ ОПЦИИ.

И двете опции се нешто што треба да се изработи утре. Час поскоро. Веднаш. Оти после тоа ќе биде јасно дека будала од Муртино ги прави сите околу себе поголеми будали од него.

 

ОПЦИЈА ПРВА:

Свикување Собраниска седница, оставка на Груевски и назначување на Емил Димитриев за времен Премиер од редовите на ВМРО.

Со ова, се зацементирува и утврдува 24-ти април како датум на избори (100 дена, нели), и топката се префрла во дворот на разединатата СДСМ. Дали ќе дојдат на избори или не, нивен проблем. Доколку не биде ова, се крши законот кој го гласаше Собранието во врска со тајмингот за вонредни избори, па кризата може до бесвест да се пролонгира од абдал кој смета дека е црпнат. А тие што ќе го кршат законот ќе се предмет на кривично гонење.

 

ОПЦИЈА ВТОРА:

Свикување Собраниска седница, разрешување на техничките министри и заменици од СДСМ, поништување на сите закони предвидени и донесени заради Пржино, укинување на Специјалното јавно обвинителство. Кејти Јан ќе може кутиите за кондури добиени од Црпко да си ги однесе дома. Избори ќе има кога ќе им дојде редот.

Ова е опасна опција, оти може да има “акција“ од страна на ЕУ и западната заедница до ниво на блокада на економските односи, финансиски текови, визен режим. Но од друга страна оваа држава и треба на ЕУ заради бегалската криза, па може да не влезе во такви драстични казнувања.

 

Заклучок:

Да не си му во кондурите на Никола Груевски. Ова се тешки времиња со тешки одлуки.

Времиња кога се познаваат и одвојуваат мажите од фуфите.