ГЛЕДАНОСТ, РЕЈТИНЗИ… ПАК!

ГЛЕДАНОСТ, РЕЈТИНЗИ... ПАК!

Во светлото на директорувањето на Атанас Кировски Саки (внук на кодош на Беломорските партизани) со Телма и неуспехот на Бранко Гериз Геровски да го изведе овој “шарен револуционер“ на прав пат, би напишал ред-два.

Ретки се новинарите што биле набркани од работа во Македонија. Се сеќавам на Атанас Костовски Таско (од МТВ), Драган Антоновски (од Сител) и мадам Чаушидис (од Алсат). Не посакувам никому така да ја заврши (или одбележи) својата кариера, колку и (без)значајна да била.

Она што ми попречи од набрканите е нивното самопрогласување и самоетикетирање како “професионалци“, дури и како “врвни професионалц“, а некои и “без дамка во кариерата“!!! Мислам дека е работа на основно домашно воспитание да оставие другите да проценат колку сме, или не сме, професионалци. А, не гледам што значи “квалитетот“ искажан со констатацијата “без дамка во кариерата“, кога таа кариера значи дека е и без никакво сеќавање на негов/нејзин (на “професионалецот“) став, прилог, напис, интервју, коментар, емисија… Без дамка, ама стонастотно и без било какво сеќавање на еди-која-си “професионална“ новинарска кариера.

Дури сега, од изјавите и ФБ статусите, дознавме дека Телма била професионална, кредибилна, стокмена и телевизија во која гледачите имале доверба!!!??? Ја, изгледа погрешно, досега си мислев дека Телма е телевизија која ги брани бизнис интересите на Макпептрол и Оилко, и кога Андреја Јосифовски е незадоволен од некоја судска или владина одлука, тогаш оваа фабричка телевизија застанува во одбрана на газадата.

Новинарството, па така и она “телмино“, е мерливо. Бројот на гледачите на одредена програма доаѓа од атрактивноста, новинарот, темата, но и од времето на емитувњето. На пример, ако еден ТВ продукт оди во прајм тајм, тој со себе влече (за Канал5 и Сител на пример) 100-тина илјади гледачи без разлика на што е на програмата. “Снег“ да има на телевизорот, толку гледачи ќе има соодветната програма во прајм тајм. Потоа, уметноста и знаењето на авторот е да ја накачи бројката со својот продукт.

Има различни продукти. Оние за кој авторот и плаќа на телевизијат да го емитува, што сметам дека е срамно. Потоа продукти кои се надплатени од странски центри, како УСАид. Потоа има серии, реални шоуа, независни продукции. И,, сите се изложени на мерењето на пиплметрите. Сите телевизии се согласни дека тоа мерење е релевантно.

Јас вечерва имам емисија во која ми гостуваат Тони Михајловски Шанац и Бато Димитров. Темата е “Неталенирани глумци –  талентирани фрлачи на куртони“.

За емисијата да биде добра, значи гледана, бара да се избере добра тема, да се покани добар гост или гости, тие гости или гост да сака да дојде во твојата емисија и баш на таа тема во моментот ти како автор кога ќе поканиш, бара добро да се води емисијата, да има почеток, развој и крај (заклучок). Бара многу работи. Бара занает да се знае. Самопромовирање, самопроглсување и самоетикетирање тука не проаѓа.

Па, за да имате представа за што говорам, како предигра за вечерашнава емисија, еве ги мерењата на пипл метрите за гледаноста на мојата емисија од минатиот петок на полноќ. Тоа се разултати на таканаречен “шер“, а ви ги давам и “шеровите“ на другите телевизии во исто време кога одела мојата емисија. За споредба, ако не за друго.

Рејтинзите (кои ги добиваат сите телевизии и си ги знаат) се следни:

1. Канал 5, односно мојата емисија 14,5%

2. Алсат 9%

3. Сител 7%

4. Телма 5%

5. 24Вести 5%

6. ТВ21  1%

7. СпортКлуб 0,8%

8. МТВ 0,7%

9. Алфа 0,5

10. Шења 0,02%

11. Твнова 0,01%

 

Описно, ако е просекот на гледаност како на ТВ Шења, тоа значи дека те гледале околу 200 луѓе од 2 милона можни.

И така, ете јас пак за гледаноста, рејтинзите… Почнав да наликувам на ВМРО. Тие се така приврзени кон бројките и процентите.