ГЕРОСКИ и ОРДАНОСКИ LOSS LOSS

Со внимание го проследив гостувањето на Бранко Героски и Сашо Орданоски кај Оливера Трајковска. Тоа е потребно за да се разбере што и како се чуствуваат разнебитувачите на Македонија по решението на ВМРО и прес конференцијата на Заев. И едниот и другиот се “плитка материца“ па тешко додржуваат да не соопштат работи што ги дознаваат од предавничкиот табор, а кои би требало да останат дискретни.

Заклучокот е дека двајцата на јавна сцена го признаа поразот што СДСМ ќе го доживее во јуни, учествувал или не. Оливера, несвојствено за неа, беше во текот на емисијата без зборови, очигледно затечена од ситуацијата да страната која ја протежира очигледно ја губи битката.

Сашо вообичаено беше саркастичен, сакајки да ја скрие разочараноста од ваков исход. Се правдаше дека тој немал никаков контакт со Заев и дека решенијата на Заев се само негови. Демек одговорноста е на Заев, а не на неговите труби каков што е Сашо. Велеше дека ако сака да се бави со политика ќе си формирал партија, но он се бавел со анализа на она што се случувало. Одби да даде прогнози, само сакаше да дава памет во стилот “после битката сите генерали се паметни“. За да не остане неговото гостување без катастрофични сценарија за “Македонија под Грујо“ објави дека “веројатно“ по избори државата ќе се задолжела, дека државата штампа пари и дека пензискиот и здравствениот фонд се колабирани. Ова се негови постојани тези, кои секојдневието ги побива, а ги побиваат и оценките од меѓународните финансиски организации.

Геро беше далеку порационален. Овој кловн има свои мигови на проблесоци кога како да се буди од мамурлук, па поставува рационални дилеми. Тој, баш како и Сашо, соопшти (призна) дека по 5-ти јуни во Собранието ќе доминираат ВМРО и ДУИ. Зборуваше за некаква борба, баш како и Сашо и Заев инсистирајки на зборот “слобода“. Но, констатирајки дека во краток период јуни 2016 – март 2017 ќе има два изборни циклуса (парламентарни и локални), запраша дали СДСМ ќе ги бојкотира и тие избори земајки ги предвид фотељите на Циц, Заев и Жерноф.

Двајцата се повикуваа на 1994-та кога Доста и Љупчо ги бојкотираа изборите, по што на локалните 1996 имало “прво напукнивање на СДСМ“, за во 1998-ма да има победа на ВМРО. Двајцата заборавија дека СДСМ не е ВМРО. Дека СДСМ нема историја, народ и идеологија зад себе.

Во емисијата беа изоставени фантомските гласачи, меѓународната заедница, медиумите. Беше констатирано дека ВМРО повторно ќе било на чело на државата.

Не стана збор за шансите на СДСМ во изборен натпревар, можната идна влада на СДСМ доколку победат…

Сашо, Геро и Оливера изгледаа како Наполеон после Ватерло, како Паулус после Сталинград, како французите после Диен Биен Фу, како албанците после Радуша или Диво Насеље. Поразени, немокни, клекнати на колена.