БАРАМ и СЕ ПЛАШАМ!!!

БАРАМ и СЕ ПЛАШАМ!!!

Барам:

Партијата зад која стојат 500.000 гласачи, еднаш во оваа плурална Македонија да реши добиениот мандат од 4 години да го спроведе во целост.

Јасно е дека зад секое барање за нови избори не стои СДСМ, ами тие од надвор, и дека тие притисоци се страотни. Но, сметам дека ниту субјективни ниту објективни околности повеќе не може да се изговор барем еднаш ВМРО да не истера цел мандат.

Нормално, доколку ја надгласаат ВМРО во Парламентот тоа е дел од демократски процес, ама да ја надгласаат. Односно ВМРО да не гласа за распуштање на таков Парламент. Досега во сите случаи ВМРО доброволно се согласи парламентот да се распушти.

 

И, се плашам:

дека остварените “успеси“ од шарената менстурација (Прибе, Пржина, мачкари…) ќе станат усталено право ко Рамковниот договор. Односно, без разлика на победата на ВМРО на 11-ти декември, ќе останат да важат министрите и замениците од СДСМ. Односно ќе остане овој систем на функционирање на Владата на РМ. Исто како што ќе остане да важи и медиумскиот мрак наметнат од Агенцијата на Трајчевски, Ад-хок телото, амбасадите… Како и авто-цензурата што ние новинарите и нашите медиумски куки сами на себе си ја наметнавме.

 

Велам, ем барам, ем се плашам. Како кога бев тинејџер.