Цезар за Тома и

Цезар за Тома и

Го глеав вчера филмот ,,Тома” мислам на српскиот Тома, а не на британскиот ,,Томи”. Го глеав негде до пола и ми здосади! Бјелогрлиќ сакал да прикаже некоја стара боемска прича за исклучително талентиран чоек кој не му иде у љубав и се дава на коцка и алкохол (според мене некоја стара шема на денешен Аца Лукас). Па ми текна на сите коментари што ги читав низ фејсов за тоа како се палат на боемштината и на талентот на Тома и за песМите шо ги оставил како балканско наслеЃе. Па си викам како да се палам на боемот Тома кога имав прилика да живеам во време на балканов кога твореше најголемиот фраер Јонче Христовски. Па колку за споредба… Јонче е роден во Битола (колку и да не ми е ќеиФ да ја фалам Битола, морам) Тома е роден у Алексинац, е па у старт има разлика.
Песните на Јонче се далеку поконкретни и помоќни, баш кафански. Македонско девојче е преведена на 20 јазици и е ставена меѓу осумдесет песни како светско наследство, Јонче бил член и играорец на Танец, ПЛУС ова ретко кој го знае: Јонче како кореограф изработил и создал кореографии за неколку ора, меѓу кои и Калајџиското Оро. Жената и единствената љубов на Јонче загинува во скопскиот земјотрес, фраерот сам ги пораснуе своите две ќерки, никогаш не се преженува. Јонче е ликот коj нон-стоп беше низ скопските кафани спонтан, дружељубив, кафгаџија, коа ше улеташе со него у кафана ти праеше чувство ко да се знаете сто години, ама БАШ се што следи за еден прав Боем (чоек да си помисли дека е роден скопјанец). Па да не ја тупам пошто за Јонче би можел да пишуем до утре. Сакав да кажам дека не ми требаат боеми од Лесковац да се палам на нив, коа имам репери за таа работа. Пошто у споредба со Јонче национале, Тома е само еден обичен пиајница.

П.с коа ќе се напалите на некоја македонска песна у кафана, и коа ќе се курчите дека е народна од времја, убаво проверете после тоа! Зошто голема е веројатноста истата да е напишана од Јонче.

Везар Коневски

 

Слопје  Македонија 20.11.21